ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ако може да разбереме зошто ДПМНЕ-конспиративна е се уште непоправлива, кога станува збор за ќосевистичките методи со кои се служи за да ги жигоса и заплаши политичките неистомисленици, тогаш е сосема запрепастувачки што Заев и Владата кон сето тоа се однесуваат како кон безопасен политички фолклор
НОВО ИМЕ, СТАРИ ШАШМИ
Дали кандидатурата на Силјановска е за Претседател на Република Македонија или на Република Северна Македонија? Ако е за првата опција, тогаш ДИК треба да ја одбие кандидатурата. Ако, пак, е за втората, тогаш не вреди „да ја држиме за збор“ како што апелираше. Или, можеби, зборот и бил дека само нема да го изговори „новото име“, а хартијата трпи се!?
СЈО ПРЕЖИВЕА „ПОПЛАВА“, ГО ЧЕКА ПОЛИТИЧКО „ЦУНАМИ“!
Пред десетина дена пукната цевка од парно ги крена на нозе обвинителите, поради опасноста да се уништат дел од доказите за неколку предмети. Документите се спасени од поплавата, но на политичката сцена се очекува цунами да го зафати СЈО, од кое не се очекува толку лесно да се извлече.
ЉУПЧО РИСТОВСКИ: ЌЕ ГИ ТРГНЕМЕ „ШЕПИТЕ“ НА СДСМ ОД ЏЕБОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ И ОЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД СПАЛНИТЕ СОБИ НА ЛУЃЕТО
Од пред една недела, македонската политичка сцена е побогата за уште една партија, чиј основач и лидер е докторот на политички науки, но и на теологија, како и дипломиран економист, Љупчо Ристовски, кој во интервју за „Фокус“ открива како ќе им се спротивстави на двете доминантни политички опции во државата
ДАЛИ ЌЕ ИМА ЦЕНЗУС ВО ПРЕТСТОЈНАТА ИЗБОРНА ТРКА?
Не треба да се исклучи можноста да има премолчен договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да пропаднат претседателските избори поради ниската излезност за да добијат аргументи да ги убедат странците зошто треба да има предвремени парламентарни избори како единствен начин да се избере новиот претседател
„СЛАВНИТЕ“ ЈАВНИ НАБАВКИ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО
Милионските тендери во Министерството за здравство постојано ја брануваат јавноста. Позната е шемата која ја унапреди претходната власт како една компанија да се исфрли од игра, а да биде заменета со миленичките на власта. Истата шема продолжува и сега, само различни се фирмите
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Најдоследен „конституционалист“ беше Слободан Милошевиќ. Познато е дека повлече во смрт близу 200.000 лица во крвавите етнички војни. Причина? Затоа што во прв план ја постави уставната норма, наместо политичкиот процес на прилагодување на променетите реалности во животот на народите на Југославија
Сашо ТАСЕВСКИ
Што би било поинаку од она што отсекогаш било кај нас? Кандидатите за претседател, пресудите, партиите, изборите, гласањето, глупостите и гафовите на власта, начинот на владеење, целата држава, сѐ е тоа препев на препевот. Свежо ко марула во декември. Подгреан грав од петокот. Гоблен „Коњи на поило“. Сматок!
Ана ПАНОВСКА
Незнам со кој наум мисли Владата да го „свитка“ Специјалното обвинителство. Ако уште отсега си постила мека удобна постела за да ѝ се најде кога ќе дојде во опозиција, тогаш тешко ним и тешко на државата. Додуша, со вакво млако, понизно, додворувачко однесување кон ВМРО-ДПМНЕ, за очекување е тоа набргу и да се случи
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
СЈО не е персонална туку институционална творба и тој факт ДПМНЕ мора да го прифати, исто како што еднаш мора да прифати дека дел од нејзиното претходно раководство е креатор, организатор и учесник во многу криминални коруптивни дејствија
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Според песимистичкото сценарио на Светска банка, во 2050 година бројот на населението во Македонија ќе се намалел на 1,5 милиони жители. Доколку продолжи ваквиот тренд, што е повеќе од сигурно, тогаш во наредните 25-30 години, Република Северна Македонија ќе остане без работоспособно население и полека ќе „одумира“