1221

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Далеку од умот е дека главниот мотив во СДСМ, ДУИ да се избрка од Владата е да се расчисти со корупцијата. Напротив! На СДСМ му одговара ДУИ да биде дел од власта и тоа токму ваква каква што е – корумпирана, криминализирана. За алиби зошто во Македонија нема борба против корупцијата, изговор кој СДСМ го користи за да ги скрие своите коруптивни практики

БИЗНИС ИМПЕРИЈАТА НА ЗАЕВИ
Официјалните податоци што ги обезбеди „Фокус“ покажуваат дека членови на семејството на премиерот Зоран Заев и лицата што може да се сретнат како нивни партнери, заеднички или самостојно поседуваат триесетина компании, формирани од 1994 година до денес, кои главно делуваат во градежниот бизнис, но се занимаваат и со транспорт, малопродажба, трговија…

ДВОЈНИ АРШИНИ ЗА НЕПОТИЗМОТ
Додека вмровците секојдневно се занимаваат со непотизмот во таборот на власта, нивните роднини добро се закотвени на работните позиции, од каде што немаат абер да се мрднат. Решението е и едните и другите да си заминат од државните институции

ОЈО ПРОТИВ ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК
Додека обвинетите за „27 април“ ја чекаат пресудата, обвинителството отвори истрага и за организаторите на насилниот упад во Собранието. ОЈО засега се движи по насоките што им ги даде Нинџа, но не се исклучува можноста уште некој близок соработник да им го сврти грбот на шефовите. Откако Груевски избега, сите се спасуваат како што знаат и умеат

ПАРТИСКИ КАВГИ
Граѓаните не треба да се мразат поради тоа што партиите во кои членуваат се скарани. Кога ќе се најдат во ситуација двајца пријатели што следат различни партиски лидери, да се замразат само затоа што лидерите се скарале, треба да си кажат еден на друг: „Па, зар за тој говно ли ќе растурамо другарство“

 

Колумнисти:

Сашо ТАСЕВСКИ
Со влезот во НАТО добивме божем некаква гаранција за мир барем уште десетина години. Само, не секогаш Америте ќе можат да ја држат под контрола ситуацијата на Балканот. Срања се случуваат и непредвидливо, а ние во целата таа ситуација сме ко изгубени Германци. Ранливи, слаби и снисходливи кон соседите

Ана ПАНОВСКА
Сега Мицкоски се вљуби во зборот „ДЕСПОТ“. Внимава случајно да не пропушти да изговори: „Деспотот Зоран Заев!“ И тоа го употребува со несвесен пиетет и нагласеност, со стравопочит што ми доаѓа да поверувам дека Заев е тиранин и неограничен господар на сите нас слугите и робјето што живееме во оваа држава

Денко МАЛЕСКИ
Аристид „го изодел патот до државништво самиот затоа што, пишува Плутарх, „не беше спремен за било какви пријателства во криминал“ и затоа што видел дека „моќ која произлегува од пријателство е извор на зло, па постојано се пазеше од тоа, сметајќи дека добриот граѓанин треба да има доверба само во услужното и праведно поведение“

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Излезен концепт е да се зголеми политичката стабилност на државата со тоа што политичката реалност во која царуваат криминалот и корупцијата да се унапредат до своето совршенство, како гарант за определената иднина на Република Криминална Македонија. Тој концепт совршено им одговара на трите водечки партии – СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Намерно не се нормираат мал „милион“ работи, само и само да им се овозможи на силните на денот да си ги тераат своите каприци, да „влезат во филм“ дека го фатиле Господ за брада и да им се влее самочувство дека се кројачи на човековото да се биде или не. Намерно се прават „дупки“ во законите, за да можат „главучите“ да ги толкуваат по свое видување