1220

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Целата изборна шарада во која е влезена професорката Силјановска претставува вежба да се припитомат шовинистичките ќосиња, своевиден легалистички фејс лифтинг на тврдокорната опција, која сепак останува единствено вредна за привлекување гласови за ВМРО-ДПМНЕ

БИДЕТЕ НА ШТРЕК
Циркусијадата на пратениците со реплики и контра реплики, била во функција на сценариото да не се дозволи формирање влада. Тука својата ролја ја одигра и претседателот Иванов со недавање на мандатот на Заев со разни измишљотки спротивни на Уставот. Но, Иванов го нема засега во списокот на осомничените, дали затоа што не бил свесен на чии ноти игра или затоа што нема докази за спротивното!?

ФАТИМЕ ФЕТАИ: СЕ СОМНЕВАМЕ ДЕКА ГРУЕВСКИ ПРОНЕВЕРЕНИТЕ ПАРИ ГИ ИЗНЕЛ НАДВОР ОД ДРЖАВАТА!
Обвинителката Фетаи зборува во детали за случаите на СЈО за кои е таа надлежна и демантира дека СЈО знаело дека Груевски ги извлекол парите од сметка неколку месеци пред да избега во Унгарија. Но затоа пак, вели, дека СЈО со право се сомнева дека другите, проневерени пари од кривичните дела што ги гони обвинителството, тој ги изнел надвор од Македонија

БИЗНИС ИГРА СО ЗДРАВЈЕТО НА ПАЦИЕНТИТЕ
Ако компанијата „Македонија лек“ во здравствените домови доставувувала вакцини со погрешни декларации или со поминат рок, зошто никој не реагирал до надлежните институции? Нели е обврска на здравствените работници секогаш да проверат каква вакцина им ставаат на бебињата?

СКОПЈАНЕЦ ЕДЕН МЕСЕЦ ИСЧЕЗНАТ БЕЗ ТРАГА
Фаик Аслани, братот на исчезнатиот скопјанец Арбен Аслани, на кој му се губи трагата пред еден месец, вели дека целото семејство се измачува од помислата дали Арбен е жив, како живее, дали има за јадење, дали е киднапиран или некој го мачи?

ДА СЕ ГЛАСА ИЛИ НЕ
Ако Никола Димитров, таков „вмровец по крв“, стане претседателски кандидат на СДСМ, а поранешната министерка од владата на Бранко е веќе кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, не останува ништо друго, освен од ДУИ да излезат со свој кандидат во ист дух и тоа да биде, кој друг ако не, Јохан Тарчуловски

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Карактеристично за затворени умови е што ќе ви речат „Можеби грешам… но тоа е мојот став“. Оние со отворен ум, после „Можеби грешам…“ би поставиле прашање а не констатација. Оние со затворен ум сакаат да зборуваат, оние другите и да слушаат

Сашо ТАСЕВСКИ
За оние шупаци од министри, кои како Кардашијани се сликаат пред камери и мува не ги лази за непотизми, синизми, ќеркизми, корупционизми и ескапизми на разни битанги од минатиот режим, има покачувања од осум илјади денари, на основна плата од 70 илјади денари, а за овие „људини“ пожарникарите има само БРАВО МАЈСТОРЕ и тоа само по трагични настани како кај Ласкарци

Ана ПАНОВСКА
Неспособна, тромава, некомпетентна, мрзлива и евтино платена. А, таа, администрацијата, треба да ја претставува влечната физичка сила на државниот систем. Сам господ знае како таквата администрација ќе се впушти во обработката на сите оние силни поглавја со задачките што ќе дојдат на ред кога ќе започнат преговорите со ЕУ

Стојан АНДОВ
Идејата за европеизација на Балканот доаѓа однадвор, од Европа, и ги загрозува сфаќањата и општествените позиции на многу политичари од локален формат, историчари, лингвисти и културни дејци, бидејќи тие се формирани врз основа на националните програми на нивните држави и фактички се градители на свест која е национално затворена

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Дали криминалот и корупцијата во органите на власта ни се историска судбина, набргу ќе се види на претстојните претседателски избори, кога граѓаните ќе почнат да ја испорачуваат фактурата за својата потрошена надеж. Во овој момент едно е јасно: ем Прибе е во право, ем сите криминалци во правосудството се на број

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Преферирајќи без исаф принципи на задоволување теснопартиски интереси, корупција и непотизам, владејачката клика ’ршум направи и почна да го живее „македонскиот сон“ со свој вредносен систем и светогледи