1219

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Па шо ни фале на нас, бе, Зајко, со време да почнеш да не напикуваш по државните служби, по петстотин членове секој месец, да не са виде ачик шо правеш, новинарето да не цркат. А ти, гулемец са правеш, уф Брисел, невестата ја армасуваш. НАТО ќе ве бране, Европа ќе ве хране. Краставици криви! Шо видееме ние од НАТО. Цефката од топо!

КЛИЕНТЕЛИСТИЧКИ ОРГИИ
Државната каса има третман на крава „музара“. Ја молзе секоја власт, капка да не остане за недај боже. Се плашам дека ако треба уште на некоја структура „да се угоде“, може ќе се формира и некаква Агенција за морска пловидба, иако немаме море, или Дирекција за вселенски истражувања… пошто сме како изгубени во вселената од непотистичкото цунами

ПРОЕКТ: НАШЕ ДЕТЕ
Изминативе десет години народот стрпливо чекаше во државни јасли да се вдомат децата на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на партијата. Сега повторно се на почек, бидејќи на ред за вработување застанале децата на СДСМ. Додека тие да дојдат на ред, очигледно ќе статсаат за пензионирање!

ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ
Договорот меѓу Македонија и Грција со кој се реши проблемот со името стапи во сила. Скопје и Атина со заедничко писмо го информираа Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој треба да го извести Советот за безбедност дека спорот за името, кој 26 години се решаваше под покровителство на генералните секретари – конечно е решен. И ништо повеќе. Ни расправа, ни усвојување, ни вето!

МИЛО ЃУКАНОВИЌ: ДОДЕКА РУСИЈА ЈА НАПАЃА ЕВРОПА НА БАЛКАНОТ, БРИСЕЛ НЕМА ЈАСНА СТРАТЕГИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА
Претседателот на Црна Гора во своето ексклузивно интервју за „Фокус“ отворено предупредува дека опасно е ЕУ да го игнорира Западниот Балкан во услови кога над регионот се надвиснуваат последиците од геополитичките судири. Ѓукановиќ е голем противник на идеите за размена на територии и население и ги предупредува лидерите од регионот дека во услови на изразена геополитичка стабилност Балканот многу лесно може да се врати во деведесеттите

БУЏЕТСКИ ПАРИ АЛА „БЕСА“
„Фокус“ откри невладини здруженија и физички лица кои директно или посредно може да се поврзат со таборот на БЕСА предводен од Африм Гаши, кои добиле државни пари преку годишната прогама за проекти од областа на културата спроведена од Министерството за култура, управувано токму кадар на оваа партија – Асаф Адеми

СО НАТО НЕМА ДА СТАНЕМЕ ПОСЛОБОДНИ И ПОБОГАТИ
Без претерување, членството на Македонија во НАТО е голем успех оти се оствари стратешка определба да припаѓаме во западната сфера на интереси. Но членството во НАТО не е гаранција дека по автоматизам ќе имаме ниту подобар економски стандард, ниту повеќе демократија

ПРАГМАТИЗАМ ИЛИ ЕМОТИВНОСТ
Aко промената на името е проблемот, тогаш враќањето на името е решение. Па, ако бојкотот води кон решавање на проблемот, тогаш бојкотот е добра одлука. Ако, пак, гласањето на избори води кон решавање на проблемот, тогаш гласањето е добра одлука

 

Колумнисти:

Сашо ТАСЕВСКИ
Од калта на нашите најпримитивни нагони, егоизмот и племенската свест во која сме заглавени до гуша, новата парадигма како гранка на спасот е далеку од нашиот дофат. Само така може да се толкува немањето срам кај власта јавно да ја промовира идејата дека непотизмот и судирот на интереси не се неморални

Денко МАЛЕСКИ
Како да се справи човек со ваков апсурд на сопствената живеачка: да турка камен кој секогаш се тркала од врвот долу. „Самата борба… е доволна да ја исполни човековата душа. Човек треба да го замисли Сизиф како среќен“, објаснува Ками. Од лично искуство, знам дека е токму така

Стојан АНДОВ
Поранешниот претседател не треба да има екипа соработници која ќе му помага, бидејќи тој нема што да работи. Затоа, мислам дека е доволно да има една просторија со секретарка, возач и обезбедување. Ако работи нешто, тогаш ќе се меша во политиката, а претседателската плата му е обезбедена токму за да не се меша во политиката и во државните работи.

Ана ПАНОВСКА
Не ни останува ништо друго туку да маваме по СДСМ и да внимаваме таа партија со сиот капацитет што го има во себе да не се претвори во ВМРО-ДПМНЕ од времето на Груевски

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Една од најтревожните карактеристики на македонската корупција е нејзината „недокажливост“. Овој факт во голем степен се должи на корумпираниот правосуден систем. Тоа значи дека, и по формирањето на Антикорупциската комисија, ќе си продолжат опструкциите