1218

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
СДСМ е во дефанзива пред претседателските избори. Наместо кандидатот да беше познат дента по уставните измени, Заев ќе калкулира до 3 март. Можеби си вели, не е важно што кандидатот на опозицијата се знае пред нашиот. Кога ќе забревта нашата машина, никој не може да ја сопре. Да не се струполи само во провалија?

БЕГАЛСКИ СТРАТЕГИИ
Човекот што беше парадигма за режим, понуди нова парадигма за името и идентитетот. Зарем не беше една деценија на власт? Старата му парадигма имаше фалинки?! Какви? Но, се присетив дека една од главните психопатски особини е опсесивната потреба за наметнување свои идеи, ставови и илузии на другите, со цел да ги контролираат

КАВГА МЕЃУ СДСМ И ДУИ
Додека ДУИ се обидува политички да профитира од законот за јазиците, СДСМ вели дека законот е проект на сите што го поддржаа. Набргу потоа следуваше најавата од Мала Речица дека ќе настапат со свој претседателски кандидат, со што ДУИ сака да ја сведе на минимум албанската поддршка за СДСМ. Но, и СДСМ има џокер во ракавот – може да ги замени во владата со Села и Касами, но и со осумтемина отцепени пратеници од ДПМНЕ

УВОЗ НА ЃУБРЕ НА „ЖИМИ МАЈКА“
Во Македонија е дозволен увоз на отпад само за преработка, но никако за складирање или уништување. Сепак, се погласни се шпекулациите се увезува и отпад за уништување, кој наводно се гори на повеќе локации низ државата. Надлежните наместо да пуштат инспекции, по се изгледа ги пуштиле да пасат овци. А, ѓубреџиската мафија протифира, ли протифира!

МОЛК ВО ВЛАДАТА ЗА НОВИ ГРАНИЦИ НА БАЛКАНОТ
Белград и Приштина тајно преговараат за корекција на границите, но сѐ уште се договараат деталите. Наводно, целата битка се води за тоа да не се дели градот Митровица и да има фер поделба на богатствата на северот на Косово меѓу двете страни. Она што изненадува кај нас е молкот на македонската дипломатија

СЕ МЕСТИ ЛИ ТЕНДЕРОТ ЗА ВАКЦИНИ?
Битката за бизнис зделката за вакцините ја водат пет компании, но можеме да претпоставиме дека од игра ќе испадне фирмата „Македонија Лек“, која повеќе не е застапник на „Глаксо Смит Клајн“. На самото отворање на понудите постоеја обвинувања за местенки и фаворизирања на фармацевтски компании блиски до власта

КАКО ДА СЕ ПОСТИГНЕ ЦЕНЗУСОТ?
Чаре? Чаре е и народот конечно да се вакцинира, ама не од срам, туку од страв. Дури тогаш, кога народот ќе стекне имунитет на лаги и спинови, болните за власт што се вакцинирани од срам, ќе ја добијат терапијата што одамна ја заслужуваат

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Па, не можеа ли странците малку да причекаат и, преку притисок, да ни изберат и претседател? Не. Тие својата работа со членството на државата во НАТО ја завршија. И не е работа на Западот да наметне убаво лице на грдата македонска политика

Сашо ТАСЕВСКИ
Би можеле фарсата да ја кренеме на повисоко ниво. Да стане сатира со Амди Бајрам како шеф на државата. Ако е нешто комично, да го направиме комично до болка. Тоа ќе биде најкрупната кнедла што власта и опозицијата нема да можат да ја проголтаат. Наша слатка одмазда кон нив дека по милионити пат сме излажани и понижени

Ана ПАНОВСКА
Предвремени избори? Нема сега никаква потреба од такво нешто. А дека има потреба да се преземе едно добро просејување на кадровските решенија на Заев и на оние од неговите коалициски партнери е повеќе од јасно

Стојан АНДОВ
Глигоров знаеше дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за премиер нема да биде избран во Собранието, но тогаш ќе требаше да му го даде мандатот на СКМ-ПДП. Тогаш неизбежно ќе беше предложен Петар Гошев. A Милошевиќ на 10 јануари ми рече – да не дозволам премиер да биде Гошев. Во кусиот разговор со мене Слободан рече дека таа работа „ќе ја заврши Киро“

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Иднината не може да се гради со кавги и недоразбирања, туку само со соработка. Тоа е предноста на „капитализмот“ врз национализмот, на иднината врз минатото. Време е сите поединци од сите три држави, да го разбереме тоа, без разлика дали политичките „лидери“ посветено ќе работат на остварување на тој наш заеднички интерес

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Октроирањето не е возможно во систем во кој претседателот го избираат граѓаните на непосредни избори. Дури и ако се постигнеше, консензусот ќе беше нефункционален, затоа што СДСМ и ДУИ не можат да бидат на исти фреквенции за најелементарни потреби, а камоли за заеднички претседател