1217

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Амбиентот пред претседателските избори многу потсетува на оној од 1999 г. Фрустрирана опозиција, власт обвинета за предавство на националните интереси… Лошата проценка да настапи со сопствен кандидат, тогаш ја чинеше власта резил поради фалсификатот со кој беше избран Борис Трајковски. Денес Заев е во слична каша. Како ќе се извлече?

ВРХОВЕН КЛУЧ НА СЈО
Откако со месеци се калкулира со иднината на СЈО, Врховниот суд реши уште повеќе да го притисне. Судот одлучи дека важи само она што обвинителите го сработиле во првите 18 месеци, а останатите две години истражувале криминал за џабе. Постои оправдан сомнеж дека Врховниот суд е охрабрен и од власта и од опозицијата!

АРГУМЕНТИ „ЗА“ И „ПРОТИВ“ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
СДСМ анализира дали да го прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори заедно со претседателските. Иако има аргументи „за“ и „против“, СДСМ ќе ја отфрли иницијативата. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, пак, може комотно да преживее еден изборен пораз, но два порази едноподруго ќе ја загрозат неговата позиција во партијата

ГОРДАН КАЛАЈЏИЕВ: ДУИ ПОКАЖУВА ОТПОР ПРОТИВ СЈО, НА РЕД ДОЈДОА НИВНИТЕ ПРЕДМЕТИ
Со професорот Калајџиев разговаравме за слабостите на законот за СЈО, за можностите државата да ги загуби процесите во Стразбур поради помилувањата на Иванов, за што предлага постапка за негова одговорност, политичка или кривична, ама и за иднината на СЈО, при што забележува дека веќе има отпори, „не само кај ВМРО-ДПМНЕ, туку и кај ДУИ

ОД НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ИМА САМО ДУПКА
Повеќе од десет години се „гради“ нов Клинички центар за да се подобрат здравствените услуги. Најпрвин, груевци ископаа само дупка во кругот на скопските клиники, па сега сдсмовците веќе една година бараат локација. Во меѓувреме, сумата од 72 милиони евра се покачи на вртоглави 120 милиони, а од изградба на Клинички нема абер

СО ШВЕДСКА МАСА ДО АНГЛИСКА КРАЛИЦА
Идејата е во првиот круг опозицијата да излезе со двајца кандидати, едниот навидум прозападен, другиот навидум происточен, за цел да се спречи бојкот, па потоа во вториот круг, без разлика кој од нив ќе влезе, другиот да му даде поддршка оти „сега е времето сите патриоти да се обединиме и да ги поразиме предавниците“

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Опозицијата бара „избори на кои народот ќе одлучи дали е за понижена Северна Македонија или за достоинствена и успешна Република Македонија“. Зар прашањето не би можело да биде избор помеѓу достоинствена и успешна Северна Македонија и понижена Република Македонија?

Сашо ТАСЕВСКИ
Излезноста на претседателските избори ќе биде и под онаа за референдумот за името. Само Ноле Ѓоковиќ ако го кандидирате од која било партија, ќе победи. Оние другите што ги вртите во јавност како потенцијални кандидати, можете комотно да ги трампате на ат-пазар. Или дајте му ги на Филипче да тестира вакцини на нив

Ана ПАНОВСКА
Се измачи пустото СЈО од тешките опструкции што му ги правеа и од судството и од претходната номенклатура, но тоа продолжува понатаму и од некои сегашни политички и бизнис-авторитети. Очигледно во битката околу докажувањето на високиот криминал на претходната власт дојде време да почне построго да се мерка и поведението на сегашнава власт

Стојан АНДОВ
На Глигоров му реков дека поразот на 19 јануари, кога во Собранието тој доби само 60 гласа и не беше избран за претседател, е пораз на сите нас бидејќи немало добра подготвеност. Дека сега има основа јас да извршам подготовки и да одиме уште еднаш со неговата кандидатура и да се обидеме да ги добиеме гласовите и на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ПДП-НДП. Глигоров прифати и успеавме

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Грозно е сознанието дека во Македонија уставниот поредок и законите најмногу ги газат токму оние кои седат во институциите на власта, кои треба да го бранат и спроведуваат токму тој Устав и тие закони. Ама, кога станува збор за пари и власт, кому му е грижа за уставниот поредок и законите!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
За да може Република Северна Македонија да влезе во нормала, во контекст на реформите неопходна е и итна демонтажа на еднопартискиот какистократски систем