ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Предвремени парламентарни избори сигурно ќе налеат дополнителен епски адреналин во политичката битка, но ако се извагаат причините за и против, изборите не мора да претставуваат непремостлив политички инфаркт за Македонија. Напротив, може да имаат влијание на дополнителна политичка катарза
ПАК ЛИ ЌЕ СЕ „ПОМИРУВААТ“ СДСМОВЦИ И ВМРОВЦИ!?
Што ќе „омрси“ партијата на Заев од евентуалната нова изборна трка за законодавниот дом? Па, таман скоцкаа на „интересен“ начин двотретинско мнозинство, неопходно за реформските закони! Зар веруваат дека ќе освојат самите 80 пратенички места? Повторно ли ќе прават некакво „помирување“ со вмровски пратеници за ваквата реформска бројка?
ВОЈМИНОВСКИ ИЗБЕГАЛ ИЛИ Е МОЖЕБИ КИДНАПИРАН?
Никола Војминовски беше осуден на 13 ипол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села. Поради лоша здравствена состојба остана во куќен притвор. Но, пред една недела, на Војминовски му се изгуби и трага и глас. Во јавноста сѐ погласно се шпекулира дека тој не избегал, туку нешто му се случило
МУКОСКИ И МИЈАЛКОВ ДОБИЈА ТЕНДЕРИ ОД 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА!
Осуммината пратеници од новата пратеничка група или нивните роднини и пријатели добија амнестија од судските предмети. Но и семејните компании на дел од поддржувачите на процесот за деблокирање на евроатлантските интеграции добија тендери од неколку државни институции и јавни установи
ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: АКО МИЦКОСКИ НЕ СИ ОДИ ПО ИЗБОРИТЕ, ЌЕ БИДЕ СИМНАТ СО ПРЕВРАТ
Еден од најгласните противници на уставните измени, Филип Петровски, „фракционер на ВМРО-ДПМНЕ“ во интервју за „Фокус“ жестоко му се спротивставува на партискиот лидер и бара демократизација во партијата. Вели дека Мицкоски е бледа копија на Груевски и дека конечно нешто мора да се промени
МЕТОД НА ТРИЈАЖА
Внимание и „љубов“ од политичарите и од власта и од опозицијата добиваат само тие што не се ни таму, ни онаму, туку во средина. Баш како и ранетите во некоја голема битка, кога лекарите не ги лекуваат тие што не се во критична состојба, ниту, пак, оние на кои им нема спас, туку приоритет им даваат на оние на кои може да им се помогне, т.е. во политичка смисла „неопределените“
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Дваесет и осумгодишното искуство со досегашните четворица претседатели на Републиката ни создава обврски да ја изнајдеме основната причина за лошото функционирање на нашето уставно уредување. Таа причина се заснова на лошите решенија во Уставот
Денко МАЛЕСКИ
За нас, Македонците, поразот на Илинденското востание во 1903 имаше два ефекта: го означи крајот на пан-бугарскиот проект, кој не можеше да се реализира поради противењето на соседните држави, но и подемот на идејата за посебна словенска нација, со сопствен јазик и свој национален идентитет
Сашо ТАСЕВСКИ
Нормално е човек да стави прст на челото: Што ако ме изиграат? Не можете едни неизживеани детишта како Бујар и Артан да ги ставите под контрола преку нивниот ментор, а ваму треба да веруваме дека го имате под контрола грчкиот, бугарскиот и албанскиот национализам
Ана ПАНОВСКА
Јас, еве, како активно човечко суштество, проценувам дека вонредни парламентарни избори на Македонија ни најмалку не ѝ требаат. Македонија еднаш треба да се скраси на место и да види што да прави со себе, особено сега кога најтешкото прашање ѝ се тргна од плеќите
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Молчењето на граѓаните не е злато, туку само тивко но решително предупредување. Тоа најдобро ќе се види на првите наредни избори преку малата излезност и политичката одлука: ниту СДСМ, ниту ДПМНЕ
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Наследството во јадрото на моќта на новата Агенција за национална безбедност и натаму останува во нејзините тајни знаења за граѓаните, односно знаењето за тајните на граѓаните