1174

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Зоран Заев и Кочо Анѓушев важат за успешни бизнисмени. Дали во своите фирми би назначиле за директор барем половината од оние со кои се „подмладени“ сега институциите? Би дозволиле ли, не 1.600, туку само на еден да му даваат плата во своите компании, а тој да си седи дома?

ЗАГОВОРНИЧКА КОМУНИКАЦИЈА
Долгогодишниот спикер Трајко Велјановски, комуницирал со пратеници од новото парламентарно мнозинство пред и по инцидентите во парламентот на 27 април. До последен миг пратеници од Алијансата за Албанците биле таргет во планот на Груевски за спречување промена на власта

НАПРЕДОК Е ШТО НЕМА НАЗАДУВАЊЕ
На толку современи штоперици, за секој случај, времето се мери и со песочен часовник. Истекува времето, истекуваат и зрната песок. Дали песокот е од здробените камења по планините кои ги делат Скопје и Атина? Чија е раката која сака песокот да го запре, да го блокира времето? Ќе биде ли тргната и ќе ја удрат ли по прсти?

ЉУБОМИР ЈОСИФОВСКИ: ТИТО ПЕТКОВСКИ ТРЕБА ДА ОДИ ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА
Кандидатот за претседател на НСДП на партискиот конгрес на 13 мај, Љубомир Јосифовски, најверојатно ќе се бори против актуелниот претседател Тито Петковски. За „Фокус“ Јосифовски зборува дека е време по 13 години, НСДП да доживее кадровска смена на врвот и партијата да се врати на изворните принципи

„ТИТАНИК“ ЌЕ ГО ПОТОПАТ СВЕДОЦИТЕ
„Титаник“ се разликува од досегашните случаи на СЈО по тоа што очигледен е бројот на сведоци, кои иако соработувале со Груевски, се охрабриле и решиле да соработуваат со обвинителството. Со нивниот збор, СЈО е чекор поблиску зад решетки да ги стави членовите на злосторничката група

ЛИСА БАУТА ШАЌИРИ: ЌЕ ИМА ПРАВДА ЗА АЛМИР, НИКОЈ НЕМА ИНТЕРЕС ДА ГО ЗАШТИТИ УБИЕЦОТ!
Лиса Баута-Шаќири е дел од невладината „Златна рипка“ која им ги исполнува желбите на децата болни од рак. Таа беше на протестот за правда на малиот Алмир, сметајќи дека со преквалификацијата на кривичното дело се кршат правните процедури. Вели дека сака да живее во општество, во кое нема да има поделби по етникуми, на патриоти и предавници

СУВЕРЕНИЗАМ НАСПРОТИ ГЛОБАЛИЗАМ
Христијан Мицкоски ја пропушти шансата да стане „Пастир после Пастирот“ откако решително застана на страната на глобализмот во Македонија. Тој нема шанси да го крене ВМРО-ДПМНЕ и да се „врати на голема врата“, како што пред некој ден занесено најави, и за подвигот на Груевски може само да сонува

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Убаво авторот ги набројал сите скалила каде што партиски вработениот мора да ведне глава и да го занемари своето знаење и одговорноста пред законот. Во тоа е логиката на песната на Пиљаковски (Блажевски). И градите и корнишоните се само метафори

Ана ПАНОВСКА
Ако една земја туку-така менува Устав, те за знаме, те за грижата за македонското малцинство во соседните земји и таквото барање доаѓа само од едно место, тогаш на тоа место белки му е јасно дека таа земја не ја чини ништо ако реши пак да си го промени Уставот и да си го врати старото име

Ерол РИЗАОВ
Во Македонија, дури и тие што не ја одобруваат политиката на Америка и на НАТО на меѓународен план, сакаат нивната татковина да биде во ова најголемо воено и политичко сојузништво во светот заедно со земјите-членки од Европа и од Северна Америка

Денко МАЛЕСКИ
Безбедноста (security) е највисоко поставена на листата „висока политика“ на една држава. Ако решавањето на македонско-грчкиот спор е високо на таа безбедносна листа на САД, некакво решение, за Македонија да се приклучи кон НАТО, ќе има. Како (и дали), останува да се види

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Зголемувањето на персоналниот данок, на начин како што тоа го предлага министерот Тевдовски, нема реално ништо да ѝ помогне на државата, но затоа, пак, ќе направи реална штета кај оној дел од носителите на стопанските активности кои се најкреативни и просперитетни. Или, како што би рекол народот – за кило месо ќе се заколе цел вол