1173

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Доколку дојде до меѓународен договор за решение на спорот за името, Москва може да стави вето во Советот за безбедност и на тој начин да ја спречи меѓународната верификација на договорот и да го осуети нашето зачленување во НАТО и ЕУ. Но, ваков развој на настаните не е можен без волјата на Грција

7 ДЕНА: ГРУЕВСКИ Е ЖРТВА НА ГРУЕВИЗМОТ
Со оглед на фактот дека Груевски сосе обезбедувањето беше во Виена за време на упадот во Собранието, наредбата стигнала значи преку „Виена колинг“. Арно ама, според моите сознанија, тој што е корисник на владиниот мобилен не е меѓу обвинетите. А што ако некој друг зборувал од тој телефон!?

СЈО ИМА 38.000 „БОМБИ“ ЗА „МОНСТРУМ“
Во случајот „Монструм“ СЈО ќе се појави во судот со старото обвинение, но подоцна во текот на постапката ќе направи одредени измени, во зависност од новите докази. Можно е некој од сега обвинетите да куртули, но и некој дополнително да седне на обвинителна клупа

ЕКСПЕРТИТЕ ПРОТИВ НОВИОТ НАЦРТ-ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА
Критичарите на новиот модел за инвестирање во обновливи извори на енергија, односно во соларни централи, тврдат дека мерките во новиот нацрт- закон што ги предлага владата ги фаворизираат големите групации на сметка на малите компании и ќе резултираат со одлив на пари кон странство

СТРАШНИ СВЕДОШТВА ОД „ДОМОТ НА ПЕКОЛОТ“ ВО РАДИШАНИ
Милка Илиевска објаснува дека нејзината мајка станала коска и кожа, а кога починала, неколку дена не и бил сменет памперсот. Сопругата на поранешен полицаец, Зорка Петковска, во детали објаснува како нејзиниот сопруг, кој бил само два дена во домот за стари лица во Радишани, го вратиле дома целиот крвав и прегладнет

СЕ ПРЕТЕРА СО ПРАГМАТИЗМОТ
Дали милоста која народот би почнал да ја покажува кон ВМРО-ДПМНЕ, по сѐ што направи лошо таа партија, е нефер кон СДСМ? Е, нефер е. Но, ако преправањето дека народот му простил на ВМРО-ДПМНЕ го натера СДСМ од страв да почне да владее како што треба, тогаш вреди

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Америка без демократските принципи кои му даваат надеж на човештвото, е исто што и Кина или Русија, кои сега ја пополнуваат празнината направена со повлекувањето на САД од улогата на глобален водач. Ако Америка е егоистична, насилна или националистичка, и светот ќе биде повеќе таков

Ана ПАНОВСКА
Да беа Германци, досега многу одамна ќе се извинеа, ќе се поклонеа пред жртвите на нивниот геноцид и ќе побараа прошка од нас, како што беше побарана прошка од Евреите. Но, за Грците таквиот „бонтон“ е речиси невозможен

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во изминатиот четврт век „политичка демократија“ се нагледавме премногу политички и финансиски криминал, токму од оние политички лидери на кои најмногу им се веруваше. Затоа и политичкиот и моралниот кредибилитет на сите учесници во политиката сериозно се доведува под знак прашање

Ерол РИЗАОВ
Во Македонија во овој миг се одвива стравичен разградувачки процес на кој Законот за употреба на јазиците му е само покритие да се разгорува меѓунационалната и меѓуверската омраза. Идеолог и подбуцнувач на конфликтни ситуации во меѓуетничките односи е лично претседателот Иванов

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во Република Македонија, во изминатата деценија се покажа и потврди дека во зголемувањето на „темната бројка“ на криминалот, најголем удел имаа злоупотребите од позиција на власт и моќ