1175

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Коруптивната и по дух примитивна пракса да се обезбеди легачка работа во државната администрација, да се лапне тендерче преку партиско фирмиче, остана лајт мотив на очекувањата на пауперизираните маси. А новата власт на Заев воопшто не се ни обиде да отвори голем дел од овие рак-рани

НОВИ НОЖЕВИ ВО ГРБОТ ВО ВМРО-ДПМНЕ?
Иако високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ велат дека меѓу Мицкоски и Груевски немало никаква кавга, факт е дека тие подолго време не комуницираат и не соработуваат, поради што односите им се заладени. Со претседателот Иванов, пак, веќе е јасно дека Мицкоски почна да се разијдува по некои политички и стратешки прашања

НАТАША ГАБЕР ДАМЈАНОВСКА: ИВАНОВ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА АКО НЕ ГО ПОТПИШЕ ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ
Прашањето што се уредува во Законот за употребата на јазиците генерално е во склад со Уставот, смета Габер Дамјановска. Сепак, има забелешки за дузина одредби, па очекува да претстои корекција на одредени членови од законот. Во интервју за „Фокус“ разговаравме за потребата од сериозни реформи во правосудството, за непримерените лобирања против нејзиниот избор за судија во ЕСЧП, за нарушениот углед на Уставниот суд…

ЗОШТО ПРОДОЛЖУВА ЦРНАТА СТАТИСТИКА НА ПОЧИНАТИ БЕБИЊА?
Смртта на 35 бебиња за три месеци на скопска Гинекологија повторно го вклучи црвениот аларм. За црните статистики проблемот може да се бара и во тоа што многу родилишта во другите градови низ Македонија се затворени и со години не функционираат. А тие што останаа, работат со по еден или двајца гинеколози во градови во кои има од 70.000 до 100.000 жители

ГРУЕВСКИ СО СРЕДЕН ПРСТ, ЗАЕВ СО ПОДАДЕНА РАКА
Смирувањето и простувањето се одлики на заевизмот, кои ги немаше во груевизмот, познат по одмаздољубивоста. Заев им простува дури и на политичките противници, па или ги прима назад во партијата или не притиска премногу врз судството за да ги осуди оние кои „да сакале да го убијат, ќе го убиеле“

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Предолго сме надвор од сојузите кои нудат безбедност и просперитет и предолго одбиваме да се менуваме. Ако ги загубиме неколкуте наредни одлучувачки битки, вклучувајќи ја и онаа со нашиот ориентален, сеирски менталитет, може да ја загубиме војната за опстанок

Ана ПАНОВСКА
Едно нешто секогаш го признавав кај ВМРО-ДПМНЕ: брзината, организираноста, работливоста и војничката дисциплина на нивниот кадар. Како и да е, реално почнавме да „маваме“ откако ги препознавме милионските гешефти на Груевски и на неговата партија и центрифугалниот национал-егоизам со кој го шашардисаа народот

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Она што ќе му се „скрши од глава“ на Заев, тоа е неотворањето на прашањето за кривичната одговорност за сите оние судии и обвинители кои се огрешиле од законите и моралот. Заблуда е дека таквите судии и обвинители можат да се променат на подобро!?

Ерол РИЗАОВ
Многу често се цитира мислата на словенечкиот филозоф Славој Жижек, дека добра работа во демократијата е што сите гомна излегуваат на површина. Мислата на Жижек најмногу одговара на темата која две недели ја окупира јавноста – големата афера со корнишонот на премиерот

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Повеќе стотици пратеници и стотина министри, како и илјадници општински советници и партиски функционери биле обработувани во Службата и голем број од нив станале соработници. Кога ќе се додадат и неколку илјади „влијателни“ членови на партиите кои се информатори, произлегува дека во Македонија има десетина илјади „регрутирани“ соработници на Службата