1170

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Можат ли Грците да му кажат не на Трамп, како што му рекоа на Буш? Трамп, исто како и Буш не е омилен политичар во Европа, но Берлин, Париз, Лондон… за разлика од времето на Буш, денес имаат еднаков геополитички и безбедносен интерес со Вашингтон. А и Грција денес е во поцврста американска прегратка, наспроти зближувањето на Ердоган и Путин

7 ДЕНА: ЛУДИЛОТО ПРОДОЛЖУВА!?
Сега као Јавното обвинителство ќе го истражува „кејсот“ на паркингот. Полицајката беше на распит, ама не дава изјави. Нека го викнат и пајакот, може тој ќе потврди дека е виновен. И нека биде условно осуден, за памет! Како тргнала „новава“ власт, ќе стане сериозна конкуренција на сортата „ние сме лудаци“. Во нивно време се давеа луѓе во кофа вода, сега полицајки сами се удираат во пајаци!

МИЛИОНИ ЕВРА НАРОДНИ ПАРИ ВО КАСИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ
Надлежните утврдија незаконско финансирање на партиите, кое се одвива по добро разработена шема на извлекување пари од буџетот. СЈО отвори истрага против ВМРО-ДПМНЕ која кеширала неколку милиони евра народни пари, а Антикорупциската комисија покрена постапка пред обвинителството поради тоа што ДУИ се финансирала од буџетот и со јавни средства

АФЕРА „МЕДИКАЛ ПАРК“ – ИСТАНБУЛ
Од касата на Фондот за здравство на сметката на турската болница „Медикал парк“ само во 2017 година се одлеале 1,5 милиони евра од вкупниот буџет за лекување пациенти во странство. Интензивната соработка на ФЗОМ со болницата почнала во 2016 година, а целата шема се одвивала преку директори на сектори во Фондот, кои договарале и провизија од 10 до 20 отсто!

СОМНИТЕЛНА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ДРЖАВЕН ИМОТ ВО РЕСЕН
Ѓорги Ивановски од Ресен поднел кривична пријава за незаконска приватизација на земјиште на градскиот плоштад од страна на „Скопски пазар“ со помош од вработен во Управата за имотно-правни работи во градот, како и вработен во катастарот. Јавното обвинителство не постапува, а „Скопски пазар“ во меѓувреме си го препродал имотот

И ЗАЈАКОТ СИТ, И (ВМР)ОВЦИТЕ НА БРОЈ
Мицкоски може да научи од Груевски и како треба, ама и како не треба да постапува во политиката. А една од првите лекции би била – ако некој те обвини дека си патриот, и да не си крив, признај ја вината и ќе бидеш осуден на долгогодишно владеење

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Како една од најмладите држави во светот, пред меѓународната заедница, да се претставиме со името New Macedonia (без превод на македонски), додека во домашната употреба да застанеме зад уставното име Република Македонија (без превод на англиски). Тоа би биле двете имиња со кои би се претставиле во ООН, каков што го имаат сторено повеќе други држави

Ана ПАНОВСКА
И за власта и за опозицијата, широка коалиција би било добро и одговорно решение. Така беше и во 2001 година, при потпишувањето на Рамковниот договор. „Што милом, што силом“, се направи широка коалиција и го поминавме тоа премрежие без некои поголеми погубни последици

Ерол РИЗАОВ
Не е потребна голема вознемиреност поради критиките и прозивките на владата и на премиерот Зоран Заев. Но, истовремено би било погубно ако тој и неговиот тим кон критичарите се однесуваат арогантно и потценувачки. Колку и да се доживуваат како претерани, критиките се превентивни и добронамерни

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Фактот што дел од истакнати шарени револуционери директно му се спротивставуваат на политичкиот курс што Заев го води и на политичките приоритети што тој ги определува, а, пред сè, на одделните кадровски решенија, јасно укажува дека „тиквата“ пукнала

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Службата со инвентивен know-how користејќи ја немарноста и наивноста на граѓаните, често буричка и во исфрлен смет собирајќи  т.н. „сиви материјали“, чија употребна вредност често може да претставува значаен извор за добивање вредни информации