1169

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Против корупцијата, непотизмот, криминалот не можеш да се бориш селективно. Не можеш да ги гониш кадрите од ДПМНЕ, а да им простуваш на оние од ДУИ. Резултатот на крајот ќе биде – зошто воопшто да гониш некого, ако можеш и самиот да се вклучиш во поделбата на колачот?

ЌОСЕТО ДА ТИ БИЛ БУДА СО КАМА!?
Да удриш равенство меѓу многувековни статуи со новокомпониран споменик, е малку забегано од уметнички агол. Скроз будалски ми е, пак, да го сместиш Буда познат како Просветлениот со Ќосето со прекар Касапот. Буда гарант се превртува во гроб од ваквото разбирање на неговата филозофија

ЛИДИЈА РАИЧЕВИЌ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО Е ДУВЛО НА НЕПОТИЗАМ!
Обвинителката Лидија Раичевиќ неодамна не успеа да ја добие поддршката на Советот на јавните обвинители за уште еден мандат во Обвинителството за организиран криминал. Раичевиќ за „Фокус“ зборува за непотизмот и небулозите во обвинителството, коментирајќи дека е крајно време и доста се молчело за сето она што таму се случува

ПРОВЕТРУВАЊЕ НА ИЛИНДЕНСКА
Доколку парламентарното мнозинство се прошири со нови партнери и се зајакне со независни пратеници, тогаш СДСМ и ДУИ треба да отстапат десетина директорски, но и некое министерско место. Тоа претставува можност Заев и Ахмети да сменат некои владини функционери од кои се незадоволни

ЕМ ДИРЕКТОР НА УЧИЛИШТЕТО, ЕМ УЧЕНИК
Зоран Николовски, директорот на скопското угостителско училиште „Лазар Танев“, кој на оваа позиција е од 2006 година па сѐ до денес, во 2014 г. завршил четврта година во истото училиште, заедно со своите ученици и самиот си ја потпишал дипломата!

ВРЕМЕ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ
Секоја власт што не сака граѓаните да си помислат дека можат нешто да сменат, бидејќи планира и е на пат и самата да стане режим, ќе направи сѐ за да не се смени ама баш ништо откако ќе го симне од власт претходниот режим. Освен можеби грст козметички промени, за да се залажат наивните

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Бројните искажувања на грчките државни раководители и нивните упорни барања да се обврземе дека ќе го промениме Уставот, укажуваат дека нашиот аргумент и докажување дека тоа не можеме да го направиме поради многу причини, тие ќе настојуваат да ги заобиколат со за нив поволни решенија во меѓународниот договор

Денко МАЛЕСКИ
Македонските политичари, на големо задоволство на грчките, решија премиерите и министрите за надворешни работи на двете земји да ја преземат работата во свои раце. Ако е наша идеја, тогаш тоа е лоша идеја. Грците отсекогаш сакале да се соочат со нас „еден на еден“ – без посредници

Ана ПАНОВСКА
Ќосето ми го тргнаа, на моја жива, лична радост. А, бе, луѓе, внуците ми се плашеа од него! Ма, каква дивоградба! Тој ти бил вистински див човек, подивен створ. Тој лично си го убил и сопствениот брат! Лудак, психопат!

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Наместо личната насмевка на луѓето, им се наметна колективното чувство дека партиската припадност и партискиот ангажман се поголема општествена вредност и светост од секојдневната нормална човечка комуникација со своите браќа и сестри, со соседите, пријателите, другарите, деловните соработници…

Ерол РИЗАОВ
Ако Грција не е искрена во разговорите, тогаш македонската страна треба да ја изнесе на чистина пред европската јавност. Ако, пак, ние станеме единствени виновници со едностран прекин на преговорите со Атина, Македонија ќе се доведе самата во безизлезна позиција која води кон поделба на земјата

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Врбувањето човечки извори е најстар и најуспешен метод за добивање информации. Меѓутоа, проблематично е да се утврди и докаже дали некој навистина доброволно се согласил да биде врбуван, дали тоа го сторил во состојба кога лагерите бавно му работеле или пак бил принуден и уценет