1171

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Сопственикот на „ИГМ“ Кавадарци Илија Гечев, со својата пиштолџиска пројава во Топ тема на Телма фрли сериозна дамка врз имиџот на македонскиот современ бизнис. Не, немам илузии дека богатите претприемачи во Македонија се цвеќиња за мирисање. Напротив, но, ретко кој од нив така јавно се изрезилил како Гечев!

ШТО ПОДРАЗБИРААТ СКОПЈЕ И АТИНА КОГА ГОВОРАТ ЗА КОМПРОМИСОТ?
Мора еден да отиде, за друг да дојде! Така е во животот, но и во политиката. Се разбира, така е и во дипломатијата. Особено кога се гради доверба. Од Аеродромот си замина Александар Велики, ама никако да пристигне Никос Коѕиас, грчкиот министер за надворешни работи. Што е проблемот?

НИ ГРУЕВСКИ НЕ СЕ ОДНЕСУВАЛ ТОЛКУ ГРУБО КОН ЗАЕВ ВО СТРУМИЦА, КАКО ШТО ЗАЕВ СЕГА СЕ ОДНЕСУВА КОН ГОСТИВАР
Во интервјуто за „Фокус“, градоначалникот на Гостивар, АрбенТаравари говори за разочарувањето од Заев, за проектот „Вистината за ДУИ“, со кој сака да покаже дека и во таа партија има криминалци, за одговорноста што ја чувствува за некои кадровски смени во Министерството за здравство

СКОПСКИ ВОДОВОД ПОД ЛУПА
Додека Александар Атанасов бил директор на скопски Водовод неколку лица биле вработени и унапредени надвор од пропишаните правни процедури. Водовод на чело со Атанасов исто така склучил договори за јавна набавка во четири очи со компанија што се наоѓа меѓу донаторите на ДУИ во 2016 година

СОМНИТЕЛНА ПРОДАЖБА ВО СОПИШТЕ
Продажбата на старото училиште во с. Ракотинци не била во согласност со процедурата, односно објектот бил продаден без задолжителната одлука на Советот на општината Сопиште. Крајната цел, пак, не била зградата, туку имот од 8.500 квадратни метри

ТРИУМФ И ТРИУМФАЛИЗАМ
Во Македонија триумфализмот служи за да ги потсети поразените дека биле глупави што дозволиле да бидат поразени, и дека во иднина е најпаметно да заборават на старите правила на игра, ако сакаат да бидат победници. Пораката на триумфот е: следи ги правилата на играта и ќе бидеш победник

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Коѕијас, мислам, ќе дојде со барања кои ќе го направат решението невозможно. Затоа се прашувам, дали ќе ни треба исто толку години за да излеземе од нашиот националистички ќор-сокак, колку што ни требаше да се заглавиме во него?

Ана ПАНОВСКА
Проблемот со името, ако постои и најмала шанса, треба веднаш да се мавне од дневната политика! Секому треба да му е јасно: нема реформи ако има друг, полагоден пат на политичка артикулација со која ќе се мавта овој народ

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Разликата меѓу партиите и класичните криминални мафии е во тоа што мафиите не плаќаат данок за да заработат пари, а политичките партии ги користат институциите на државата за собирање данок, кој на легален, полулегален и нелегален начин, користејќи ја позицијата на власт, ги трансформираат во приватен и партиски имот

Ерол РИЗАОВ
Дали и на новата влада и на премиерот Заев, ако почне да им се арчи главната тема, нема да им се допадне проверената патриотска идеја која секогаш дава добри резултати да се зачува престолот ако почне да се тресе, а тоа е примамливоста да се застане цврсто зад непроменливоста на името на државата

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Нема аир од нови наркоми, тоа сигурно најдобро го гледа и знае премиерот, па затоа најави пролетно проветрување не само на остатоците од претходно инсталираната криминална структура, туку и од оној дел што партиципира во власта и остана неделегитимиран, како и од своите недоквакани кадри