1168

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Без оглед што меѓу 200 интелектуалци има и такви кои не можат да се поврзат со поранешната власт, барањето за повлекување од преговорите за името ја разоткрива нивната идеолошка матрица. Тие всушност сакаат да ни соопштат дека се определиле Македонија да не се зачленува во НАТО и во ЕУ

ИМА РАЗЛИКА
Не држи вода тезата за „нееднаквост на граѓаните“, односно дека е иста состојбата како порано. Груевци кои беа недопирливи, сега се изедначија со нас, обичното „пучанство“. Но, дали заевци ќе бидат „поеднакви од другите“?

КРАЖБА НА ДЕЦЕНИЈАТА
ЕЛЕМ во последните десет години потрошил 230 милиони евра за надворешни фирми за ископ на јаглен, и тоа честопати во постапки во четири очи, а не купил ниту една сопствена машина за ископ. Сепак, и покрај тоа количеството на ископан јаглен се намалило, како и производството наструја, што автоматски влијаело врз зголемување на увозот

СВЕДОЦИ И СНИМКИ ОД НАПАДОТ ВРЗ СЕЛА
Главен доказ на обвинителството во докажувањето на вина на десетмината обвинети се десетина сведоци, кои во судница ќе ги идентификуваат напаѓачите. Снимка за целиот напад врз Села, кој траел петнаесетина минути, не постои, но според информации од обвинителството, сепак снимени биле, како што велат, битни делови од нападот

АКЦЕЛЕРАТОРИТЕ СКАПУВААТ ВО СКЛАДИШТА
Во 2010 година владата на Груевски набави медицинска опрема во вредност од 100 милиони евра. Редакцијата на „Фокус“ дојде до информации дека меѓу поскапите апарати, три акцелератори за зрачна терапија на болните од рак, од кои само еден чини повеќе од еден милион евра, се чуваат во складишта веќе шест години откако Тодоров ги набави и најави дека ќе бидат инсталирани

ПРЕД ДА СКОКНЕМЕ – ДА ПРОВЕРИМЕ
Кога ќе каже некој дека ние немаме друга алтернатива освен ЕУ и НАТО и дека за тоа вреди да се жртвува сѐ, и име и идентитет и национално достоинство,  должни сме пред да скокнеме во шахтата барем да размислиме и испитаме трезвено, за да ни биде чиста совеста во иднина

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Ако потфрлиме на било која од двете точки, рамноправноста на народите или членството во евроатлантските сојузи, не и се пишува арно ниту на нацијата ниту на државата. Тоа треба да го знаат иницијаторите на Отвореното писмо. Зашто, во ломот и кршот кој би можел да настане, некој би можел да праша кои беа тие дома што од готово, направија (национална) вересија?

Стојан АНДОВ
Тешко ќе биде да се направат вистински судски реформи, кои ќе ја уверат јавноста во нивната корисност и објективност, ако паралелно со критиката на политиката на разурнување на судството во времето на груевизмот, еднакво не се изложи на остра критика и претходното владеење на СДСМ во таа област

Ана ПАНОВСКА
Со партијата на боксерот не се излегува на мегдан со кадифени ракавици и со отворен гард. Никој не се залага за таков режим каков што беше оној на Груевски, но мора да се знае дека таква злосторничка формација не може кротко и љубезно да се замоли самата себеси да се демонтира.

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Горчлива вистина е дека на овие простори еден работи, двајца го гледаат, а третиот размислува како да го растури она што првиот го создава!? Таков степен на меѓусебно поништување ретко каде ќе се најде? А зошто? Од завидување, пакост, простотија или глупост, сеедно!

Ерол РИЗАОВ
Блаже Конески ја кажува вистината на најоригинален начин како се зачувал идентитетот на македонскиот народ. Молитвите на нашите баби и мајки и кандилцата под иконите на Св. Климент и Наум во охридските куќи кои светеле горејќи на убавото газје од Елбасан, ги сочувале јазикот и верата низ вековите. Тие кандилца не се гаснат, иако одамна нема елбасанско газје

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Бракот од интерес меѓу политичарите, безбедносните служби и криминалците создаде услови за зафаќање непречени позиции за криминал. Тоталната партизација на службите доведе до нивно разнебитување, при што еден од клучните проблеми се „кртовите“ во нивните редови. За нив малку се знае, уште помалку се пишува