1166

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Денес, кога ЕУ не смести на опашката на земјите од Западен Балкан кои имаат перспектива да станат членки на Унијата следната деценија, сите македонски политички елити, топтан, сфатија колку ја чинат Македонија нивните етнички, антички, националистички, фолклорни, лукративни, пљачкашки, идеолошки, геополитички и разни други шарлатански експерименти со државата

ЗОШТО СЕ ФАВОРИЗИРА ТУРСКАТА БОЛНИЦА „МЕДИКАЛ ПАРК“?
Една од болниците во кои во последните две години најчесто завршувале пациентите кои заминале да се лекуваат во странство, е турската болница „Медикал Парк“ во Истанбул. Во списокот на извршени интервенции може да се забележи дека токму во таа болница на фондовска сметка биле препраќани пациенти од повеќе скопски клиники. Зад болницата стои сопругата на еден висок турски функционер!

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА: ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ТРЕБА ЗАЕДНО ДА ГО ПОТПИШАТ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Со Марковска разговаравме за лидерската смена во партијата, за очекувањата од Мицкоски, за улогата на реформаторите, за последиците од крвавиот четврток. Инаку, таа е член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна пратеничка, а повеќе од една деценија работи приватно како специјалист по очни болести

КАКО СЕ БОГАТЕЛА ПОРАНЕШНАТА ВЛАДЕАЧКА ПАРТИЈА
Жител на општина Сопиште легализирал објект во општината во 2014 година, по се изгледа незаконски, а по еден месец му го продал на ВМРО-ДПМНЕ. Објектот партијата го користи како партиски штаб, а од минатата година продавачот е советник во Советот на општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

НЕМА ПОТРЕБА ДА СЕ ПРАВДАМЕ ЗА ТОА ШТО ЈА ПОМАГАМЕ ДЕМОКРАТИЈАТА!
Претставникот на Американската агенција за меѓународен развој (USAID) за Македонија, г. Дејвид Атебери во интервју за „Фокус“ говори за постигнувањата на УСАИД во Македонија, за односот на поранешната влада, притисоците и финансиската контрола на медиумите и грантистите кои добиваат пари од УСАИД, за најавата на американскиот претседател Трамп дека ќе ги намали парите за меѓународна помош

И ОПШТИНА ЧАШКА НАСИЛА ИМ ОДЗЕЛА ДОМ НА ПЛАНИНАРИТЕ
Преземањето на планинарскиот дом на Матка од страна на МПЦ-ОА не е единствениот случај на присвојување на објектите со кои многу години стопанисувала планинарската федерација. Уште поеклатантен е примерот со планинарскиот дом „Чеплес“, кој Општина Чашка прво незаконски го легализирала, а потоа го продала на газда на приватна градежна компанија, со која, патем речено, потоа склучила договор за реконструкција на пат

ПЕТ НЕОЧЕКУВАНИ АРГУМЕНТИ ПРОТИВ МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО
Кога чесните луѓе креваат раце од патриотизмот, врз него валканите раце ги ставаат нечесните. Тој аргумент, според мене е најјакиот. Подобро чесните да го одбранат името, отколку некој нов Грујо да се изроди

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
За зајакнување на политичката позиција на Република Македонија во спорот со Грција неопходно е ВМРО-ДПМНЕ и оние интелектуалци што се сметаат за влијателни да ги повлечат своите осуди и да признаат дека и приемот на Република Македонија во ООН и склучувањето на Времената спогодба биле корисни и единствено можни решенија

Денко МАЛЕСКИ
Не треба да очајуваме. Ако нешто ни доделила историјата, тоа е една нова улога, различна од таа на другите балкански држави: да бидеме тие што ќе покажат дека, наместо националистичките предрасуди, омрази, стереотипи и супремација, возможна е една поширока и почовечна формула – нашата, македонската

Ерол РИЗАОВ
Македонија не е јасно обележана со временска и географска одредница, ни во иднината на Европската унија, ниту, пак, има своја сопствена национална стратегија и визија за наредните десет или 20 години. Зошто остана неприменета Стратегијата за развој на Македонија во изминатите 20 години?

 Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Човекот, ако барем малку себеси се смета за разумно и одговорно суштество, мора да отвори нова страница во својата историја. Првите букви што треба да се напишат на таа нова страница од човековата историја е дека опстанокот на животот на планетата Земја и во тие рамки, опстанокот на човекот како интелигентно суштество, е поважно од алчноста за профит и пари на грст луѓе