1165

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Колку и да изгледа дека не оддалечува од решение, барањето уставни промени ќе ја натера власта и опозицијата да соработуваат и со консензус да одлучат што понатаму. Така никој нема да биде обвинет за предавство, зашто самиот го решил спорот. Ако горката пилула може да се проголта, тогаш е подобро да ја проголтаат сите. Ако не може, здравје

МАКЕДОНСКИ ПАРАДОКСИ
Десетиците процеси против истите фаци од ВМРО- груевистичка наликуваат на турска серија. Зошто не се спојат во еден предмет „Раководството на ДПМНЕ“, како што беше случајот за воените злосторства „Раководството на ОНА“. Со дузината кривични дела, старото раководство на ВМРО-ДПМНЕ комотно влегува во дефиницијата за „злосторничко здружение“

БИОГРАФИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ПОД ЗАКАНА
Зошто на Државниот архив му се одземени просториите и зошто е префрлен во Археолошкиот музеј крај Вардар, кој не е изграден со намена да прими документација од таков карактер? Зошто некој толку немарно би ги ставил документите од национално значење во несоодветни услови и влажни простории? Како некој да сакал да го уништи минатото на нацијата!

УГОРЕ ДЛАБОКО, УДОЛУ ВИСОКО!
Медијаторот ја подготвува претставата „Име, НАТО и ЕУ“. Главни актери ќе се Заев и Ципрас. Колку беше убава и за гледање и за слушање сцената од нивната „прва проба“ во Давос! Се ракуваа искрено и насмеани. Прекрасна симболика. Наместо долгогодишните македонски и грчки тупаници, тие си подадоа рака. Во име на иднината, а не на минатото

КИРИЛ ТОДОРОВСКИ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ
По десет години судска голгота и три години поминати зад решетки, поранешниот градоначалник на Аеродром, Кирил Тодоровски, кој беше осуден за мито од 100.000 евра, поднесе кривична пријава против тие што ја водеа истрагата и судскиот процес против него, тврдејќи дека бил монтиран – Митко Чавков, Гордана Гешкоска и десетина судии

КОЈ ГИ ЛИЦЕНЦИРА И КОНТРОЛИРА СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ?
Институтот за сметководители стана актуелен лани, кога се обиде да наметне незаконски тарифник за сметководствени услуги. Во институтот царуваше непотизам и нетранспарентност, што беше вовед во превирања и судири, а сега ова професионално здружение го компромитира и сознанието дека член на раководството е правосилно осуден за даночно затајување

ДЕТАЛИ ОД СКАНДАЛОТ НА СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА
Пред една недела, родилка за малку ќе однела туѓо бебе дома, откако претходно настанала збрка со бројот под кој се води бебето и вистинското име и презиме на мајката. Според нашите информации, станува збор за замена на две женски бебиња, од кои едното од бебињата завршило во погрешни раце, а вистинското бебе било оставено на скопската клиника. Но, тоа не е сѐ.

ИГРАЊЕ НА НЕРЕШЕНО
Таа желба, таа опсесија, таа патолошка потреба некој друг да ни даде нешто, некој друг да нѐ извади од некоја незгодна ситуација, некој  друг да дојде и не само да ни го покаже патот, туку и на раменици да нѐ крене и понесе кон излезот, во комбинација со изговорот дека некој нас нѐ оштетил или оставил на цедило и затоа не сме успеале, тоа е изворот на сите наши проблеми, порази, неуспеси и фрустрации

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Барањето за примена на ерга омнес принципот е замена на ставот на Андреас Папандреу, за да се спречи преговарањето. Тоа барање нема основа во ниту еден документ што е донесен од ОН или под нивно покровителство. И ако има некоја потреба по тоа прашање нешто да се решава, тоа треба да се решава врз основа на нашиот Устав, а не со негова измена

Денко МАЛЕСКИ
Претседателот и опозицијата треба да ја признаат својата вина за погрешната надворешно-политичка стратегија и да се постројат зад современото решение: млада словенска нација и мултиетничка држава, чие име би произлегло од модерниот, а не од античкиот идентитет; јазикот и народот во латиничен превод од нашата кирилична азбука makedonski и Makedonci, и толку

Ана ПАНОВСКА
Не постои сила што може да му го промени идентитетот на еден народ, особено некоја сила однадвор. Кога тоа не им успеа на вмровциве сиве овие години однатре, со сета онаа гркоманска иконографија да го поткопаат идентитетот на Македонецот, тоа нема да му успее никому однадвор

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Тоа што состојбите во државата не се помрднуваат напред и не е важно. Важно е дека има мир и политичка „кохабитација“ меѓу старите и новите другарчиња во власта. Сите заедно се сложно впрегнати во желбата дека „животот дошол“, како што некогаш тоа го правеа за сметка и во интерес на „преродбата“

Ерол РИЗАОВ
Полека, со време, политиката и интересите ќе покажат дека ништо не е дадено еднаш засекогаш, па ни ерга омнес договори кои регулираат идентитет, јазик и со потписи на хартија, промена на свеста на луѓето за секоја употреба и за вечни времиња. Важно е да стасаме што побрзо до целта, цената е висока, но исплатлива

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Политичките гарнитури доаѓаат на власт и си заминуваат, но службите остануваат. Тие се резистентни на какви било промени и за нив тие претставуваат почнување луња и време за будење. Исто како што пред почеток на луња се будат стаорците