1164

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Онака како што Србија го загуби Косово во времето на Милошевиќ, на сличен начин со потезите на претходната власт и Македонија го загуби името. Таа штета сега не може да се надомести!

МПЦ ВО МИСИЈА ЗА ТУЃ ИМОТ
Федерацијата на планинарски спортува обвинува дека Македонската православна црква злоупотребувајќи една ненамерна катастарска грешка, сака да им го одземе планинарскиот дом на езерото Матка, со кој стопанисуваат од 1939 година. Катастарот ја признава грешката, но не сака да ја исправи, а судот пресудува во корист на МПЦ, не водејќи сметка за вистинските сопственици на имотот

КУЛТУРНАТА МАФИЈА ЖИВЕЕ НА ДРЖАВНА СМЕТКА ПРЕКУ ТЕНДЕРИ
Фронтменот на групата „Меморија“, Петар Георгиевски – Камиказа, одлучи јавно да проговори за успесите и за сопките во неговата кариера. Во интервју за „Фокус“, сопственикот на фирмата КЛС раскажува за наместените тендери во културата, во делот на организација на настани, за компанијата што редовно победува, за нејзините конекции и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ

СЕ РАЗГОРУВА БИТКАТА ЗА „ДРИСЛА“
Откако Управниот суд по третпат одлучи во полза на германската компанија „Шолц“ и му наложи на градоначалникот Шилегов концесијата за „Дрисла“ да ја потпише со неа, а досегашниот концесионер да се спакува и да замине за Италија, правната битка дополнително се разгоре. Германците се заканија дека ќе бараат обесштетување од 85 милиони евра ако не ја добијат депонијата

СЛУЧАЕН ИЛИ НАМЕРЕН ПРОПУСТ
Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев бил директор на скопската Клиника за токсикологија во истиот период додека ја извршувал и пратеничката функција, што е недозволено со законот. Зошто екс министерот за здравство, Никола Тодоров, заборавил да го разреши?

МАЛА БАРА, ПОЛНА КРОКОДИЛИ
Но, претстојниот референдум за името ќе биде можност да се види дали и која од новите партии (особено оние поддржани од Москва) или нивната референдумска коалиција (што јас ја крстив П.У.Т.И.Н) контролирана од Кремљ ќе израсне во нов крокодил во барата

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Не е точно дека Македонија секогаш во историјата била грчка. Илјада години таа била римска, а 500 години била отоманска. Ако се оди по критериумите на грчките националисти, тогаш некој во Италија која е наследник на Римското царство, може да тврди дека половина Европа е италијанска

Ерол РИЗАОВ
Не успеавме и по три децении поминати во европската чекална да сфатиме дека времето работи против нас. Ако навистина можеме сами, зошто тогаш во изминатите 27 години не изградивме пристојна европска, демократска, стабилна и економски просперитетна држава, и покрај милијардите евра меѓународна помош и поддршка од европските фондови?

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Свртувањето кон Русија и Кина, независно од причините, желбите и можностите, нема реална опора во економските, политичките и во безбедносните потреби, не само на Македонија, туку и на целиот Балкан. Можеме само самите да се ставиме во улога на „монета за поткусурување“ меѓу големите сили, се разбира на своја штета

Ана ПАНОВСКА
Референдум? Море, каков референдум! Доста е подбегнување, глумење демократија, срцепарателни потпикувања кај масите за тие да ја одработат државничката политика што се нафатиле да ја водат премиери, министри, пратеници и претседатели. Веќе нема алиби за неспособни и неодговорни влади и претседатели

Денко МАЛЕСКИ
Во време кога за решавањето на прашањето за името ни е потребно единство, до кое можеме да стасаме само со големи напори, отвораме домашна тема, која предизвикува поделби! Времето ќе покаже колку ќе се воздржиме од потпалување на домашниот против надворешниот национализам

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Дали оваа влада со нови раководства во безбедносните служби ќе се одважи да почне со чистење на валканите значки или, пак, пред искушението за вистински реформи сегментот на корупцијата во сопствените редови ќе го покрие езуитски со лицемерна и итроманска аргументација, која не одговара на суштината?