1160 – 1161

by fokus

2018 ГОДИНА НА ТЕМЕЛНО ЧИСТЕЊЕ
Нема волшебно стапче за брзо економско заздравување, за повисок стандард, драстично намалување на вработеноста, за почист воздух и животна средина, за повеќе правда, помалку корупција и криминал. Но во 2018 година и власта и опозицијата ќе мора да ги засукаат ракавите за да го исчистат ѓубрето од сопствениот двор ако сакаат Македонија конечно да тргне напред

БРИСЕЛ НЀ ПОФАЛИ ЗА ОБВИНИТЕЛОТ, НЀ ИСКАРА ЗА ИЗБОРОТ НА СУДИИТЕ
„Од јануари ќе профункционира Советот за следење на реформите во судството со премиерот како претседател, да покажеме колку ни се важни судските реформи“, најавува министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. За прогнозите за 2018, внимателно вели дека целта ѝ е Македонија да биде 30-та членка на НАТО, и како министер за одбрана ќе направи сѐ тоа да биде порано, а не подоцна. Со Шекеринска, која е заменик-претседател на СДСМ, разговаравме за раскинувањето на коалицијата со Алијансата, за последиците од крвавиот четврток, за очекувањата од новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, за кујните што работат на раздор во СДСМ, за нивното тврдокорно туркање на Филипче за министер

ЅВЕЗДИТЕ НА 2017
„Фокус“ направи избор на личности и институции на годината што ја одбележаа изминатата 2017. Меѓу 34 личности се Хојт Ји – Брус Ли на годината, Фатиме Фетаи – диско кралица на годината, Стевчо Јакимовски – вмровец на годината, Митко Чавков – татко на годината, Срѓан Керим и Јана Станисављева – шишиња на годината, МПЦ – ќерка на годината, „Омерта Секјурити“ – „СГС“ на годината итн.

МОЌТА НА ДОБРАТА МЕТАФОРА
Расколите во ВМРО-ДПМНЕ се национално богатство, дел од културното наследство на овој, сега засега сѐ уште македонски народ, и тој обичај некако мораме да го заштитиме за идните генерации. Под итно да го контактираме УНЕСКО за да го стави на својата листа вмровскиот раскол

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Како да се објасни фактот дека деведесет проценти од законите на Македонија се сосема во согласност со европското законодавство. Треба отворено и јавно да се каже дека проблемот не е само во законите, туку и во луѓето што ги препишуваат европските закони, но на кои не им се блиски европските вредности

Ана ПАНОВСКА
Нема веќе мегдан за игри без граници. Или одиме на Запад, кај „блудницата“, или остануваме затворени среде Балканов препуштајќи им се на овие новокомпонирани „информбировци“ од нашиов вилает да направат еден стокмен гулаг со сите нишани

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Партијата му дозволи на својот децениски „лидер“ докрај да ја злоупотреби, како некоја „разголена студентка“, која ги злоупотребила сите свои професори за да дојде до посакуваната диплома на еден подол и неморален начин. Тоа е психолошко-политичката матрица на умот на НГ

Стојан АНДОВ
Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ единствено може да се приближи кон Запад, ако демонстрира лична поддршка за постигнување компромис со Грција за името, бидејќи тоа е услов да се воспостави и да се одржува стабилност во регионот, а и внатре во земјата

Ерол РИЗАОВ
Христијан Мицкоски, новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, мора многу бргу да покаже дали ќе биде вистински лидер или ќе биде чувар на плажата во зимскиот период. Научник во политиката, ако е навистина научник, е промашена работа. Исклучоците само го докажуваат правилото

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Доколку се споредат списоците со имињата од комисиите за реформи на правосудството и безбедносните служби што ги формираше претходниот режим и сегашната нова влада, ќе се воочи дека меѓу нив фигурира многу слаб човечки материјал