1162

by fokus

ЗАЕВ ВО МОЛИТВА: БОЖЕ, РЕШИ ГО СПОРОТ ЗА ИМЕТО!
Намерачен за шест месеци да ги реши сите национални јанѕи кои се таложеле со векови, а минатите децении метастазирале до срж, од името и идентитетот, преку членството во НАТО и ЕУ, до статусот на црквата и веројатно до испраќањето прв Македонец во вселената, нашиот премиер гази во чизмите на своите претходници, по патот поплочен со „добри намери“

КАКО ДО КОМПРОМИС ЗА ИМЕТО?
Ќе продолжиме ли да се возиме, како што планира Нимиц, на брзата пруга од црвените линии, или пак ќе останеме на слепиот колосек? Ќе води ли таа пруга кон „излез од безизлезната ситуација“, како што верува премиерот Ципрас? Со звуците на „Сиртаки“ и на „Тешкото“ кои тажно ќе нѐ развеселуваат

ПРЕВИРАЊА ВО ОПОЗИЦИЈАТА
Опозициските партии се наоѓаат во незавидна ситуација во пресрет на претседателските избори, со кои најверојатно ќе има и предвремени парламентарни избори. Во ВМРО-ДПМНЕ водечките пратеници чекаат изборен пораз по кој ќе се обидат да го променат Мицкоски од лидерската позиција

ИТАЛИЈАНЦИТЕ АУТ ОД „ДРИСЛА“
Пред два месецa, Управниот суд донесе одлука за поништување на концесијата за депонијата „Дрисла“, која Коце Трајановски му ја додели на конзорциумот „ФЛЦ Амбиенте“ од Италија. Италијанците немале искуство во справување со отпад, зашто произведувале цигли!

ЖИВОТ ЗА СИТЕ
По промената на власта, во повеќето институции беа сменети старите директори и на нивно место се вкотвија новите. За кратко време, директорските столчиња ги запоседнаа контрапленумци, поддржувачи на контроверзниот проект „Скопје 2014“, активисти на ВМРО-ДПМНЕ… што предизвика огромен револт кај критичката јавност

ШТО Е ВОЛКОТ БЕЗ ГЛУТНИЦАТА
Пред Христијан Мицкоски има еден многу тежок, ама и многу едноставен избор. Или да биде потрчко на странските дипломати, каков што беше Груевски, или да биде „потрчко“ на десничарските гласачи и за неколку куси години да стане премиер, откако за неговата партија ќе гласаат половина милион гласачи

 

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Ако дојде до заемно прифатливо решение, тогаш членството во НАТО и трката со Србија и со Црна Гора за заеднички влез во ЕУ во 2025 година може да биде голема реалност. Но, што ќе биде со Македонија ако не се најде заемно прифатливо решение и ако на подолг рок се пролонгираат нејзините определби за евроатлантски интеграции?

Денко МАЛЕСКИ
Во јуни е самитот на НАТО, на кој „се надеваме“ да бидеме примени како рамноправна членка. Никој не кажува врз што се темели оваа надеж. Нема факти, нема дебати, само славиме, чекаме да видиме што ќе ни донесе Нимиц или Севишниот, па премиерот дури ја спомнува и волјата Господова

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
На оваа држава не ѝ е потребен ниту еден чиновник повеќе, затоа што и постојните се двојно повеќе од реалните потреби и можности. Политичката и економската ефикасност на државата, а не продолжување на нејзината натамошна бирократизација, треба да бидат курсот на политичкото владеење

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Дали воопшто е возможно да се елиминираат паралелните системи во безбедносните служби и да се исчистат нејзините избербатени припадници? Може, како не би можело, затоа што и најсилната мафија во која било држава е понемоќна и од најслабата држава. Потребна е само политичка волја!