1159

by fokus

ГРУЕВСКИ ВО ЖОЛТО КОМБЕ НА ПАТ ЗА ВАЛАНДОВО
Отпорот на Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Трајко Вељаноски и другите пратеници, ексградоначалници и основачи на ВМРО-ДПМНЕ, засега е само отпор лично против Груевски и неговата страховлада во ВМРО-ДПМНЕ, но не и против груевизмот! Зашто, може ли од луѓе кои долги години биеја тешка битка за „каузата“ на пастирот да се очекува вистински идеолошки и политички пресврт?

ГРУЕВСКИ Е ВО ДЕПРЕСИЈА – ЕДНА ФАЗА ПРЕД ДА ЈА ПРИФАТИ РЕАЛНОСТА
Добро е да се отпечати судски календар, налик на верските календарчиња. И за секој ден ќе си стои кој или кои судски процеси се закажани за тој ден. Телевизиите, пак, од рано прво ќе одат со верскиот календар, денеска е Свети Никола, на пример, а потоа според судскиот календар ќе објават дека „денеска е Свети Маченик Грујо“ бидејќи има два судски процеси со објава кои и во колку часот

ДЕМАСКИРАНИ „СТРАНСКИТЕ СЛУЖБИ“
СЈО отвори нова истрага, со која дефинитивно пропаѓа тезата на Груевски дека прислушувањето го вршеле странски служби. Истрагата открива дека компанија од Израел, по барање на УБК, изготвила лажен извештај кој требало да ја потврди тезата на тогашната власт, дека „бомбите“ се дело на странска држава. За возврат, компанијата пак ќарила тендер од МВР

КОЈ Е АВТОР НА ПЛОШТАДОТ ВМРО?
Идејното решение на мајката на Жарко Чаушевски, кое било избрано на конкурсот, суштински се разликува од сегашниот изглед на плоштадот ВМРО, каде што на врвот на фонтаната стои лавот. Јавноста не знае кој е автор на новиот изглед на плоштадот за чие уредување се потрошени околу 2 милиони евра

И СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ НЕ ШТЕДЕЛЕ ПАРИ ЗА ФАСАДИ
Општините Карпош и Центар за фасади на стотина објекти досега потрошиле близу 6 милиони евра. Притоа, речиси 2 милиони евра завршиле кај компанијата „Тетрагон МК“, чиј сопственик Горан Самоиловски неодамна доби првостепена пресуда за даночно затајување во долгогодишен судски процес, кој моментално е пред апелацискиот суд

ХРВАТСКИОТ ПРОДУЦЕНТ БАРА СПАС ОД ЗАЕВ
Продуцентот Винко Грубишиќ му напишал писмо на премиерот Заев, во кое вели дека директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија немал законско право да го раскине договорот за снимање на серијата „Македонија“, за што продукцијата наплати повеќе од 1 милион евра, но не испорача ниту една епизода

5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА САМО ДЕВЕТ ЛЕКА
На скопската Клиника за онкологија и радиотерапија од 2007 година наваму нема ставено ниту еден нов лек на позитивната листа. Болницата мора да плати дополнителни пет милиони евра годишно од својот буџет, за на пациентите да им ја обезбеди неопходната терапија

ИНЕРЦИЈА НА ИРАЦИОНАЛНОСТА
Во власта се тепаат околу тоа кој да стане шеф на здравствениот систем, кој е доведен до работ на банкрот, а во опозицијата кој да застане на чело на партијата, која е во состојба на политички банкрот. И едните и другите, гледани од страна, потсетуваат на ќелави луѓе што се тепаат околу чешел

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Лесно е сите ние да ја поддржиме владата, иако засега сме далеку од таква состојба. Но, не е доволно само денес да ја поддржиме, а не трајно. Процесот е траен и таква широка поддршка е потребна во целиот свој тек. Ако сакаме да ги оствариме реформите, потребно е да го почнеме процесот на нашето лично реформирање

Павле САЗДОВ
Решавањето на спорот за името, пред сѐ, бара национален консензус, тесна меѓупартиска соработка, учество на опозицијата во преговарачкиот процес и искрени заложби од сите политички чинители дека решението што ќе биде договорено, ќе биде и поддржано при референдумското изјаснување

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Доследни на историската традиција, „браќата и сестрите“ во Валандово ќе си ги вадат очите самите меѓу себе, но, за среќа, овојпат само до политичко истребување. На тој начин, на своите современици ќе им ја откријат историската тајна за „долгата рака“ на ВМРО, која е долга само затоа што доаѓа од близу и од зад грб

Денко МАЛЕСКИ
Она од што најмногу се плашеа Грците на почетокот од нашата независност, а немаше основа во тогашната реалност, самите го предизвикаа со својата реторика: стравот од посегање по античкото македонско наследство го произведе „Скопје 2014“, а стравот од доближување до Бугарија, Договорот за пријателство и соработка

Ерол РИЗАОВ
Македонскиот јазик е комуникацискиот код на кој сите различни народи што живеат во Македонија се разбираат меѓу себе, само кога зборуваат Македонец со Македонец најтешко се разбираат