1153

by fokus

ЌЕ ИМА ЛИ ПАК ПОЛИТИЧКА ПРОСТИТУЦИЈА
Владата може да ја поддржат и 120 пратеници, ама пазарење за нечија слобода и политичка проституција не смее да има! Тоа би сакал да го слушнам и од Заев. Или можеби сум наивен

УБК НАПРАВИ ЛОША ПРОЦЕНКА ЗА ДИВО НАСЕЉЕ
Во ексклузивното интервју за „Фокус“, Горан Николовски, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, демантира дека Груевски е прислушуван, а одговара и на прашања за случајот Диво насеље, за крвавиот четврток, заканите за атентат врз Заев, кадровските смени во УБК, за односите со Мијалков

„ОРЕШЕ“ КОНЕЧНО ПАДНА
Велешкиот суд ја донесе петтата пресуда за случајот „Ореше“, со која ги прогласи за невини браќата Љупчо и Ордан Ѓорѓиевски, кои беа обвинети за убиството на Лазо Милошевски. По затворањето на еднодеценискиот случај како класична монтажа, на обвинителна клупа се очекуваат да седнат креаторите на сценариото за „Ореше“ во УБК

ПРЕСКАПО ШМИНКАЊЕ СО СТИРОПОР
Податоците на „Фокус“ покажуваат дека Градот Скопје обновил 25 фасади во центарот, за што потрошил над 13 милиони евра. Притоа, идејните решенија главно ги изработиле неколку архитекти, чии компании потоа ги изработиле и основните проекти, врз што се измени ликот на центарот на метрополата

ТУРИСТИЧКА ДИРЕКТОРКА
Додека скопската Клиника за гинекологија со години функционира во хорор-услови, поранешната директорка Марија Хаџи-Лега, за време на своето петгодишно владеење пропатувала низ светот за што потрошила околу 20.000 евра

БАЛАНС НА МОЌТА
Кога ВМРО-ДПМНЕ беше првпат на власт од 1998-2002, мајката им ја расплака на комуњарите. Кога вторпат беше на власт, од 2006-2017, душата им ја извади. Што ли ќе им прави кога (не „ако“, туку „кога“) по третпат ќе биде на власт?

 

Колумнисти:

Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
Се чини дека имаме власт која е затекната од реален проблем како да го наполни буџетот, како да ги сервисира долговите и како и понатаму да ги задоволува апетитите на корумпираните гласачи со популистички мерки. Притоа, недостасува визија – кои се економските цели со буџетската политика

Стојан АНДОВ
Според интервјуто на Антонијо Милошоски, на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ конструктивна политика ни напамет не им паѓа. Тие ќе спроведуваат жесток и жилав отпор во парламентот, со цел да спречат Македонија да ги уреди односите со Бугарија и со Грција

Љубчо ГЕОРГИЕВСКИ
Зошто било потребно во 1990 година да се стави името ВМРО, прашува Стојан Андов. Г. Андов, еве ќе ви одговорам. Името ВМРО го ставивме поради таквите како тебе. Затоа што ти во таа 1991 година, партијата што ја водеше, ти се викаше Реформски сили на Југославија, затоа што беше еден од поголемите симболи на југословенството

Ерол РИЗАОВ
До парламентарните избори остануваат уште две години за ефектна работа, а не три како што мислат некои тазе политичари. Дали ова го знаат новите власти и премиерот Зоран Заев? Ако не знаат, нека седнат и нека пресметаат кога е најдобро да го направат тоа што треба да го направат, а им тежи најмногу

Денко МАЛЕСКИ
Најавата на новиот премиер дека македонскиот став во преговорите за името ќе биде производ на соработка помеѓу владата, претседателот и опозицијата, звучи убаво, но многу неубедливо. Разликите во политичката филозофија се толку големи, што единство не е можно

Ана ПАНОВСКА
Народот разбира што му се случува. Бара сериозни државнички потези. Доста му е од лажги со опашки. Доста му е од компири, споменици, луна-паркови, темјанушки од зеленило, водоскочиња, лајтшоу-презентации на урбаните глупости… Сфати: работава е многу поголема!

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Министрите и владата се тие кои се газди на туѓ имот и тој факт не треба да им излегува од глава по никоја цена. Веќе не се млади невести кои сите свои незнаења, неспособности, пропусти и промашувања ќе ги правдаат со лошиот домаќинлак на свекрвата