1152

by fokus

КОЈ УШТЕ ВЕРУВА ВО МОЌТА НА ГРУЕВСКИ ДА СПРЕЧИ РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО?
Груевски е политички мртовец кој веќе не може да испорача ниту националистичка, ниту кооперативна агенда. Луѓето престанаа да му веруваат дека ја брани Македонија од душманите и сфатија дека таа приказна ја абел само за да го сокрие својот мега-криминал. Зошто сега би му верувале дека тој е способен да и помогне на Македонија да тргне по патот кон ЕУ и НАТО!?

ПРАВДАТА СЕ УШТЕ ЅИРКА
Бидејќи премиерот се пофали дека не се селективни, па во својство на портпарол на судот обзнани дека двајца членови на владата се под истрага, би можел да објасни и дали можеби поранешните функционери од ДУИ уживаат некаков супер имунитет од кривичен прогон

КОАЛИЦИЈА ОД ЛУТИНА И БЕС
Заедничкиот настап на СДСМ и ДУИ на локалните избори ја налути Алијансата за Албанците, која ги обедини силите со Беса. Ваквите поместувања навестуваат дека по долго време ќе се обедини албанската опозиција, која на следните парламентарни избори најверојатно ќе и се спротистави на првата предизборна македонско-албанска коалиција

КАМЕНОТ ОД БЛИСКУ ДОАЃА
Како што дознава „Фокус“, имињата на дел од сведоците во најавениот судски процес „Таргет и Тврдина“ дополнително ќе го привлечат интересот на јавноста. Вработени во УБК, но и блиски соработници на Јанкулоска и Мијалков ќе им го свртат грбот на доскорашните шефови

ФАМИЛИЈАРНА БИЗНИС СПРЕГА ВО ВЕВЧАНИ
Како се развиваше бизнисот на „вмровската“ вевчанска фамилија, на ексградоначалникот Цветомир Угриновски и неговиот внук, пратеникот Крсто Мукоски, која во последните неколку години лапна еден куп државни тендери и се офајди за неколку милиони евра

ВРЕМЕ ЗА КЛОЦА
Првата работа што треба да ја направи новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ за да го почне процесот на обнова е да го исклучи од партијата Груевски, сосе најблиските му пајташи. Дури и да е човек лично поддржан од Груевски, новиот лидер треба да сфати дека најпаметно за неговата иднина е да му удри клоца на стариот лидер

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
На локалните избори не само што многу Албанци гласаа за кандидатите на СДСМ, туку и многу Македонци гласаа за кандидатите Албанци. Таа појава збуни многу политичари, особено оние кои мислеа дека ќе се изборат за појака политичка позиција ако свират на националистичката гајда

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Секој што се издигнал на тронот на власта, како што е сега Зоран Заев, постојано во својата свест и потсвест мора да го има златното правило дека не важно како си дошол на власт, туку како ќе си заминеш од неа

Ана ПАНОВСКА
Оние задрти возрасни, подостарени „патриоти“, кои немаат ни трошка мудрост и сочувство за нивните деца, кои попрво ќе ги истуркаат надвор од нивната татковина, отколку да помогнат да се протурка проблемот со „името“! Тие се најгласните гракачи на паролата „Името е сè што имаме!“

Ерол РИЗАОВ
Груевски во овој момент е соочен само со една дилема, на кој начин да замине од политиката. Дали да се повлече сам или да почека да биде избркан од партијата?

Денко МАЛЕСКИ
Изложена на меѓународен притисок во кој би се користеле сите средства на дипломатијата, од преговори и убедувања, до закани, опозицијата би можела да се построи зад владата околу прашањето за компромис со Грција

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Планот на новата влада за итни реформски приоритети „3-6-9“ претставува само појдовна точка за длабоки реформи на безбедносно-разузнавачките служби и полицијата. Реално, тие ќе бидат тешки, дури и покомплексни од судските реформи. Не се работи за скептицизам, туку за објективна сива стварност