1154

by fokus

ЖАН МОНЕ КАКО ШАЈКА ВО САНДАКОТ НА ФАМИЛИЈАТА
Условите и агендата на каков било политички дијалог помеѓу власта и опозицијата се јасни – тој може и мора да се води со единствена цел – конечна капитулација на Груевски и Фамилијата од ДПМНЕ.

7 ДЕНА
Ако власта даде согласност е едно, а ако граѓанството изгласа промени со додавки во името е сосема друго. Во првиот случај ќе се вадиш во иднина дека неколку будали дале пас за тоа, а вториот случај треба половина население да го прогласиш за лудо!

ИМПЕРИЈАТА НА БРАТУЧЕДОТ
Откако се повлече од УБК, Мијалков влезе во нафтениот бизнис преку „ОМ Петрол“, купи складиште за нафта и три бензински пумпи од „РТ Транс“. Неодамна тој ја откупил градежната фирмаа „Софија Градба“, акционер во „Жито Полог“ и ЗК „Пелагонија“, со што станува дел од сопственичката структура и на „Здравје Радово“

ПАТРИОТСКИ ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ
„Фокус“ открива дел од сценариото за првата сезона од несудениот филмски серијал „Македонија“, пропаганден памфлет наменет за спас на Никола Груевски. Серијалот, за жал, не ја виде светлината на денот, затоа што хрватски „Јадран филм“ не испорача ниту една епизода до Македонија, иако наплати еден милион евра

КОСОВО ИМА ДОКАЗИ ЗА НАРАЧАТЕЛИТЕ НА „ДИВО НАСЕЉЕ“?
Косовската тајна служба ги прислушувала терористите месец дена пред нападот во Куманово, но иако одбраната побарала судот да испрати барање до Косово да се преслушаат транскриптите кои ќе откријат кој стои зад случувањата во „Диво Насеље“, судот тоа го одбил

НИЕ СЀ УШТЕ СМЕ ЛУДАЦИ
Има ли во болниците по три ипол лекари на секој еден пациент? Има ли во училиштата по три ипол наставници на секој еден ученик? Ако нема, а нема, зошто тогаш пратениците имаат секој по три ипол административци за да им помагаат да носат квалитетни одлуки?

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Во двете изминати години од неговиот мандат како премиер, Љубчо Георгиевски направи неколку чекори, незамисливи за политиката на ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на постоењето на партијата. Имајќи ги предвид тие околности, барањето да бидам претседател на Собранието го прифатив во 2000 година

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Дваесет и петгодишното политичко искуство немилосрдно ни покажа дека Бранко, Љубчо, Никола, односно сите „наши“ „лидери“, „државници“, „патриоти“, „пастири“ и што ли не, на крајот не беа ништо друго и не се остварија во нешто, освен како најобични политички измамници, манипуланти и криминалци

Ана ПАНОВСКА
Е сега продолжуваме од таму каде што застанавме пред 11 години. На тој пат тргаме и без Александар, но и без Вангел, без Манев, без Ристо… и секако без Груевски, зашто тие се веќе минато. Едно срамно, понижувачко минато за македонскиот народ

Ерол РИЗАОВ
Наездата на новиот примитивизам ги изненади и најдобрите познавачи на приликите во Македонија. Штом малку се тргнаа браните и почна кревката демократизација веднаш по независноста, јурна буица од простаклак низ земјата. Во војната против ова зло, неопходен е грандиозен проект на целиот систем

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Проблемот со двојното битие на припадниците на безбедносните служби дојде до израз во последната деценија. Нивната улога означува дека тие директно се инволвирани и во валканиот свет на профитабилна заработка во приватниот сектор со трговија на информации и сознанија, обезбедување диско-клубови, непријателско преземање фирми, рекет, насилство

Денко МАЛЕСКИ
Опасно е да се мисли дека со елиминирањето на досегашната партија на власт, ќе престане слабеењето на институциите. Дури, може да се случи, интересот за моќ врз институциите, а не нивното реформирање, да ги врзе и новите раководители во нераскинлив сојуз за одбрана на статус квото