1151

by fokus

СОЛУНСКИТЕ ФАЛСИФИКАТОРИ
Чиста иронија на судбината! ВМРО се гордееше со своите солунски атентатори, ДПМНЕ-бандитска се гордее со своите солунски фалсификатори. Гемиџиите ги дадоа своите животи за слобода на Македонија и за човечки правдини, а солунските фалсификатори бегаат од слободната македонска правда поради своите мафијашки злодела, кршењето на човековите права и слободи со масовното незаконско прислушување и уништувањето на доказите за тој мега-криминал

СЕДУМ ДЕНА
Во 2011 година, владата носи одлука за помош од 3.690.000 денари за Тарчуловски. Потоа, предизборно Соња ја испеа антологиската „Предавници и јунаци“, читај – Љубе и Јохан. Е кога мораше Грујо да се раздолжи со „душманите“ од ДУИ, да се изгласа амнестијата, Јохан скоцка писмо со поддршка за амнестијата на „душманите“ што ги опеа Соња!

А СЕГА, РЕДОТ Е НА ХОРХЕ!
Македонија има нова реформска влада, има нова внатрешна политика, има и нова „ресетирана“ надворешна политика со стратешка цел забрзано членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ и преку добрососедство. Има и нов премиер и нов претседател на Собранието. Па зошто тогаш, што е сосема логично и политички оправдано, да нема и – нов претседател?

ЗАКОНСКО ПРИСЛУШУВАЊЕ НА ФАМИЛИЈАТА
Груевски обвини дека бил прислушуван, но и уште 100 луѓе од врвот на партијата. Прислушувањето го правела УБК, а таргет било уништување на неговата партија. Разликата од претходниот пат е и во тоа што Груевски не приложи докази, како што тоа направи Заев и што не рече дали станува збор за законско или незаконско прислушување

КАКО НИКНА СТАНБЕН ОБЈЕКТ НА ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ
Министерството на Јанакиески во 2012 година побарало од општина Карпош да се откаже од намерата да вцрта градежна маркица на просторот предвиден за јавен паркинг и зеленило во населбата Тафталиџе, арно ама неколку месеци подоцна сепак издало согласност, по што општината го носи ДУП-от а на местото никнува објект кој го загрозува пристапот на околните куќи

СЕ ПРОШИРУВА ИСТРАГАТА ЗА Д-Р ЧАПАРОСКИ
Фокус“ дознава дека против екс директорот на Неврохирургија д-р Александар Чапароски во обвинителството е покрената истрага за уште едно кривично дело, односно му го чешлаат имотот и потеклото на 240.000 евра најдени во неговиот банкарски сеф. Тој одлежа само 13 дена зад затворски решетки и во моментов е на своето работно место на клиниката

ТРИТЕ НАЈГОЛЕМИ ГРЕШКИ НА ПАСТИРОТ
На прославата на 23 Октомври Груевски рече: „Јас сум небитен, ова е битка за Македонија“. И сосема е во право. Тој сега е сосема небитен. Не само од гледна точка на целиот народ, туку особено и од гледна точка на неговите следбеници, кои масовно го напуштија и му вртат грб. Тој, навистина, е небитен. А ова, навистина, е битка за Македонија

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Веќе при првите чекори од политичката активност во Западна Европа, Драган Богдановски сфатил дека со своите лични убедувања се наоѓа во жесток судир со членовите на ВМРО и со нивните организации низ Европа. Оттаму и неговото оградување и противење во името на новата партија што ќе биде создадена и ќе делува во Македонија да стои и кратенката ВМРО

Ана ПАНОВСКА
Народот, кога еднаш ќе се разбуди, кога ќе крене глава, знае да биде опасен, да бара уште, уште… Тој сега веќе не се задоволува со едноставното заминување на Груевски од политиката. Бара одговорност, ги бара своите украдени пари од него, бара да му се суди преку големи судски процеси

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Груевски бескрупулозно ги користи сите капацитети и ресурси на партијата за да се спаси себе си, а да ја погребе партијата. Затоа конечно некој внатре, во самата партија, треба да се сети да му го измести претседателското столче на тоа сламено плашило кое сакаше да се прикаже како лав

Ерол РИЗАОВ
И покрај сите напори, не беше можно да не го видам и слушнам Груевски на ТВ мегафоните и на празничната академија во Штип по повод „упропастувањето на Македонија“, како да ги видов сите солунски атентатори слеани во една личност, подготвени да умрат за Македонија

Денко МАЛЕСКИ
Култивирањето на тврдата балканска политичка почва со идеалите на демократијата е многу тешка задача. Тешка, затоа што, всушност, се работи за култивирање на авторитарните и националистичките умови на народите, нивните претставници во политиката и нивната интелигенција

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Многу профанисани и бламирани кадри што се под истрага на СЈО и учесници во „крвавиот четврток“, авансираа заземајќи високи позиции во службите и ич мува не ги лази. Но, режимот заминува на слеп колосек и се отвораат широки можности за вистински длабоки реформи во тајните служби