1122

by fokus

УЖАС БЕЗ КРАЈ ИЛИ УЖАСЕН КРАЈ… ЗА ГРУЕВИЗМОТ!?
Им оддавам респект на бранковистите и оние од Демократска алтернатива што успеаја да го компромитираат брендот ВМРО. Еј, дури и главните експертутки на груевизмот се Климовски, Каракамишева и Сотир Костов… „сичките хора“ на времето ударна тупаница на Тупурковски. Или, оние што медиумски го штитеа Б.Ц. во 1998 од нас, непријателите де, како Мирка, Латас или Ефтов, денес се со иста улога за груевизмот.

ГЕРМАНСКИ УЛТИМАТУМ
Груевски и сугерирал на Меркел повеќе да се грижи за себе и за изборите во Германија во септември, отколку за другите. Германската канцеларка му порачала дека од него се очекува до средината на април да ја предаде власта, а ако тоа не се случи, Германија и Европа „знаат како ќе постапат“!

ИЗНУДЕНА СПОГОДБА
Кривичниот суд веќе половина година на СЈО не му ја дава спогодбата на Звонко Костовски, кој „призна“ вина за прислушувањето, за да може Врховниот суд да ја укине. „Фокус“ дознава дека Ѕвонко Костовски ја признал вината поради страв од ликвидација!?

НАФТЕНА ПЛАТФОРМА
Властса се подлабоко се позиционира во атрактивниот бизнис со нафта и струја. Неодамна пишувавме дека синот на Муса Џафери основал компанија за трговија со струја, а деновиве разбравме дека синот на Сашо Мијалков купил фирма за трговија со нафта, која претходно била во сопственост на бизнисменот Масар Омерагиќ

ГРУЕВСКИ И ТОДОРОВ СЛОБОДНО ДА СЕ УПАТАТ НА ПСИХИЈАТРИЈА
Во интервју за „Фокус“ очниот хирург Дејан Ставриќ кој беше организатор на 50-дневниот штрајк на лекарите во 2012 година, а потоа двапати осуден на затворска казна, која на крајот се преиначи во условна, зборува за катастрофалната и очајна состојба во која се наоѓа здравствениот систем во Македонија под раководство на Тодоров и Груевски

ЏАБАРЛАК ЗЕМЈИШТЕ
На сметката на општината Илинден уште лани легнале 1,7 милион евра како гаранција дека ќе продолжи постапката и на „Окта“ ќе и бидат продадени 12 хектари државно земјиште за кое Груевски потпишал цена од 70 денари за метар квадратен

ФЕНОМЕНОТ НА МАЈТАП ПАРТИИ
Кај нас нема да се случи феномен како српскиот Љубиша Прелетачевиќ Бели, ниту, пак, да се формираат мајтап партии со идеи како оние на косовската „Силна партија“, исландската „Најдобрата партија“ или германската партија „Партија“. Не дека не може. Туку дека не мора. Кај нас сериозните партии се во суштина мајтап партии.

 

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
„Германија, разбуди се“ е историски позив и манифест на нацистите испратен до германскиот народ. И нашата нова ера почна со манифест за будење на Македонија. Веќе почнаа да пеат петлите што мислат дека поради нивното кукуригање изгрева сонцето

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Работата мора да се заврши зашто во спротивно ќе ја нема државата. На НГ мора да му се одговори на радикален начин. Илузорно е да очекувате со топол чај и аналгин да лекувате рак. А Никола Груевски е токму тоа – рак рана на телото на македонскиот „народ“ и на граѓаните на Република Македонија

Ана ПАНОВСКА
Многу некое жално време, во кое и довчерашната опозиција како да ми е некако разжалостена. Како да ѝ е жал да му тропне на маса на ДПМНЕ и да направи ред и нов распоред во Собранието, како што му личи на едно легитимно парламентарно мнозинство

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во изминатите единаесет години видовме како келеши и профанисти прават држава, откако ги отфикарија умните и способните. Шути, но продолжуваат да бодат и за да избегнат кривична одговорност лицемерно нудат фушерски и лажен патриотски Патоказ за излез од кризата

Рамадан РАМАДАНИ
Поради опасност од анархија и тотално укинување на редот и поредокот, државата без влада по некое време почнува да блада. Во Македонија има малку активна супстанца за бладањето да се преточи во конкретни дејанија и да се покрене бран на акција и реакција со насилство и безредија