1123

by fokus

ТРЕТ АСНОМ НАМЕСТО ЧЕТВРТИ ИЛИНДЕН
Ваква контрола на умот не постигнал дури ни водачот на верската секта „Храмот на народот“, Џим Џонс, како што успеа крими-пастирот што се затскрива зад народот. Верувам дека и „храмот“ на Груевски има 909 „овчички“ што се спремни да загинат за Водачот, ама тоа не е битка за Четврти Илинден. Тоа е поганење на Илинден. Затоа, време е за Третото заседание на АСНОМ!

ПАСТИРОТ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА
Груевски и Иванов се крадците кои не сакаат да го вратат украденото: Државата! Киднапери кои воопшто немаат намера да ги ослободат заложниците: Македонија и огромното мнозинство демократски и слободољубиви македонски граѓани

ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ ВО МВР И АРМ НЕМА ДА ДОЗВОЛАТ ДА ГИ ЗЛОУПОТРЕБАТ ГРУЕВСКИ И ИВАНОВ
Пратеникот на СДСМ, Максим Димитриевски, минатата недела објави дека група насилници го нападнале во кафеаната „Палас“ во Куманово. Во разговор за „Фокус“ вели дека е кристално јасно кој бил напаѓачот а кој жртвата и инсистира МВР професионално да ја заврши истрагата. Димитриевски зборува и за можноста од злоупотреба на патриотските здруженија за криминалните цели на Фамилијата, како и на армијата и полицијата од страна на Иванов и Груевски

„АТИНСКА ПЛАТФОРМА“ НА ГРУЕВСКИ
Изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица ја следат низа скандали, па големата инвестиција од 250 милиони евра експресно се претвори во корупциска афера. Досега се комплетирани 90 отсто од автопатот, а во меѓувреме, европските истражители испитуваат дали македонски функционери добивале поткуп за грчката фирма да го добие тендерот

МИЛИОНСКИТЕ ТЕНДЕРИ НА „МАРКОВСКИ КОМПАНИ“
„Марковски Компани“ на конзулот на Белорусија во земјава Борче Марковски доживува драматичен раст по 2012 година, кога всушност почнува да добива големи тендери од АД ЕЛЕМ за потребите на РЕК Битола. Оттогаш до денес, двете страни имаат склучени договори во вредност од над 55 милиони евра

ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ
Ниту Западот ќе завојува за да го донесе СДСМ на власт, ниту Истокот за ВМРО-ДПМНЕ да остане на власт ќе си ги жртвува своите сопствени интереси. Нашите борби се само наши. „Чековите од милион фунти“ што другите ќе ни ги напишат се лажни. Само оној чек што самите ќе го напишеме е вистинскиот

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Според народните преданија, некој набргу ќе испушти душа во куќата на чиј таван почнуваат да утаат утки, кои ноќната тишина ја реметат со мистичен рамномерен злокобен писок на секоја минута. Оваа пролет за првпат од покривот на Собранието, а и пред него, по цели вечери ечат тажалките на големо јато утки

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Никола Груевски, на меѓународната политичка сцена се сведе на ниво на најдолна улична проститутка, која чека на раскрсница, на која се надева дека ќе помине кој било на кого може да му ги понуди своите валкани политички услуги ако за тоа добие гаранции за давање на очекуваната награда

Ана ПАНОВСКА
Груевски прави фатална грешка што не ги есапи „нетврдокорните“ македонски гласачи, а уште помалку албанските гласачи, кои сите отровни стрели кон СДСМ си ги разбраа како што треба, така што кај нив нема враќање назад во прегратките на ВМРО-ДПМНЕ, ни сега, ниту, пак, некогаш во блиска иднина

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Суштината на содржината на животот во Мафијадонија е во директна зависност од политичкиот примитивизам на идиократската власт, која манипулативно и популистички се обраќа на оној дел од народот за кој знае дека е наивен и површен или, па лесно може да му подметне топче за измама

Рамадан РАМАДАНИ
Не можам да знам каква стратегија ќе употреби СДСМ како предводник на новото мнозинство или кој механизам на ЕУ ќе се употреби како директен притисок по кој ќе се доведеме до проста ситуација: нема влада, нема плата. Но, можам отсега да знам дека трансферот на власта ќе биде без насилство