1121

by fokus

„КОНРАД АДЕНАУЕР“ СОЗДАДЕ МОНСТРУМ ВО МАКЕДОНИЈА!
Најнормално стана судии да штитат криминалци. Зврлевски сосема „нормално“ да се здаде да се симне притворот на осомничен што е избеган „на службен пат“ цели 20 дена… оти нема да избега, де! Морални кепеци да прогласуваат книжевни џуџиња. Измамници со судска тапија да прогласуваат криминалци. Хохштаплери, во улога на медиумски хушкачи за воена разврска на криминалната криза, да глумат патриоти.

ПЛАНОВИ ЗА СПАС НА ФАМИЛИЈАТА
ВМРО-ДПМНЕ разработува планови за да го спречи парламентарното мнозинство да формира влада, или, пак, да ја блокира работата на новата влада, за да предизвика нестабилност и на тој начин да се наметне како фактор во некои нови преговори за надминување на политичката криза

ЕМ ШУТО, ЕМ БОДЕ
Груевски би можел да се согласи Иванов да му го даде мандатот на Заев, за СДСМ и партиите на Албанците да формираат влада, ама за возврат тој мора да биде сериозен политички фактор во Македонија, по можност претседател, легитимиран од сите. Само тоа можело да му гарантира дека нема да заврши в затвор!

РАСИПНИЧКО ТРОШЕЊЕ ВО КАРПОШ
Карпош е една од најбогатите општини во Скопје. Според завршната сметка за 2016 година градоначалникот Јакимовски потрошил 700.000 евра само за привремени вработувања, како и 60.000 евра за патувања. Во последните две години Јакимовски „спискал“ дури 140 илјади евра за репрезентација!

СУДОТ НЕ ГИ ШТИТИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ
Центарот за социјални работи му ја укинал паричната помош на скопјанец, кој добил 1.500 евра од Германија за да го погребе својот син! Згора на тоа, од Центарот го натерале и да ги врати парите што ги добивал како социјална помош. Човекот се жалел до Управниот суд, но жалбата му била одбиена

ЛЕВО И ДЕСНО ЗА МАКЕДОНСКИ УСЛОВИ
Ме прави тажен секогаш кога опозиционери ги осудуваат поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ како луди, глупави, слепци, купени… Исто колку што ме растажува идентичната осуда на противниците на ВМРО-ДПМНЕ. Ако и двете страни се во право, тогаш целиот македонски народ е џган. Но, што ако и едните и другите грешат?

 

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Рузвелт, Черчил и Сталин пак ќе се состанат на Јалта, или на Малта, а може и во Стамбол на Босфор, да ја завршат работата што не ја довршија пред 73 години. Сега ќе одлучат кој што да земе од Балканот. Арно ама, Тито кој остана и по Тито и е избран за вечен суверен на Македонија им ги помати сметките

Ѓорѓи СПАСОВ
Ако СДСМ не постигне согласност со ДУИ, Алијансата и Беса да им се даде приоритет во спроведувањето на препораките од Прибе, тогаш може да се случи многу бргу да се види резултатот од националистичката изборна кампања на Груевски

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Политичката авантура за пари на граѓанинот Никола Груевски е навлезена во својата завршна фаза. Ништо и никој не може да го спаси. Сè што прави во овие последни моменти на својот политички живот само го отежнува начинот и содржината на неговото заминување

Ана ПАНОВСКА
Соберете се, вмровци, додека сè уште не ве сфаќа никој сериозно со вашите закани. Прво бегајте од Сител, Канал 5, Алфа, бегајте од тие демони. Кај нив царува само омразата… Обвинението е формулирано: одговорност за тешка злоупотреба на медиумите во разгорување меѓунационална омраза

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Подготвувајќи се за соочувањето со правдата, предводникот на Организацијата фројдовски антиципираше три лика во себе: едниот каков што би сакал да биде, вториот каков што самиот тој мисли дека е и третиот каков што е навистина. И токму тој трет лик воопшто не го познава

Рамадан РАМАДАНИ
Кога некој фудбалски тим игра чувајќи го резултатот, тогаш се случуваат бесцелни подавања на топката, како актуелните самореплики во Собранието. Но, потоа најчесто се случува да прими гол и секако ја жали секоја таква бесцелно помината минута. А голот многу скоро ќе им биде даден