1113

by fokus

ЗА ИСТА ПЛАТА – ЕМ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ЕМ ДВОРСКИ ШУТ!
За да биде целата ситуација од жанрот траги-комедија придонесе фактот дека главен фактор, ѓоамити, стана Ѓорге Иванов. Можеби формално важи за претседател на РМ, ама практично функционира како малолетник, кому му е назначен старател. И старателот Груевски одлучува. Ма повеќе ми личи на автоматска телефонска секретарка на пастирчо: за давање мандат последниот десети ден – притисни 1, за недавање мандат на Заев – притисни 2…

ПОЖАР СРЕДЕ ОПЕРАЦИЈА
Пред два месеца, на Клиниката за дигестивна хирургија при операција на жолчка кај пациентка од Скопје избил пламен од стомакот. Хирургот ни го потврди случајот, но вели дека навреме била спречена поголема трагедија. Арно ама, директорот на клиниката и Министерството за здравство упорно молчат за случајот!

СКРОЕНИ ТЕНДЕРИ
Анализата на тендерите и склучените договори за зимско одржување на патиштата покажува дека на безмалку сите постапки се јавил само еден понудувач, бидејќи критериумите што се поставувале очигледно одговарале само на параметрите на една фирма

СУДИИТЕ  КАКО АДВОКАТИ НА ФАМИЛИЈАТА
СЈО се соочува со блокади и опструкции од судот, кој постојано ги одбива барањата за притвор или претрес. Наместо институција која треба да им суди на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, судот одлично ја игра улогата на нивен адвокат. Но, маските се фрлени. СЈО по име и презиме ги прозива судиите кои досега се криеја зад судската тога

КРИМИНАЛЦИТЕ НА СЛОБОДА, БРЕМЕНА ЖЕНА ВО ЗАТВОР!?
Додека чекаме дали ограбувачите на македонските народни пари ќе ги стигне правдата, на бремена жена и мајка на три деца ѝ се закануваат три месеци во затворските ќелии. Тие изгледа се проектирани само за македонските граѓани, а не и за македонските политичари

НОЌ КОГА СТИВНАА ПАСТИРСКИТЕ ЅВОНА
Добро бе, јазикот им го дадовме, двојазично до балчак ни го свирнаа, буџетот го преполовивме за да кркаат и они мрсно, мандатот на СЈО ќе си го изгласаат барабар со Заев, Бате Саше екстра ги кешираше, а сега и друг пуемиеу бараат? Сега ли најдоа у пет до дванаесет племе им ибам..!

ЖИВОТ ВО ИНТЕРЕСНИ ВРЕМИЊА
Што ако се направи голема, широка коалиција на сите партии, и се договараат „људски“ да си лапаат секој колку може од народните пари и им се уарни, па никој од нив не „таласа“ цели четири години? Пред нас се интересни времиња. А да живееш во интересни времиња беше некаков благослов, нели? Или не, клетва беше. Е што беше де?

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Ако Иванов сака да биде убедлив, тогаш мандатот треба да му го даде на СДСМ. Ако, пак, не постапи така, тој еден ден, кога веќе нема да го штити имунитетот во нормални услови кривично ќе одговара за попречување на изборот на влада, со што го руши уставното уредување на државата

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Како кула од карти се распаѓа пирамидата на стравот. Секој ќе бара и ќе изнаоѓа какво било оправдување за сопственото учество во злосторничкото здружение на власта. Некои јавно ќе се покајат, некои тајно ќе бидат заштитени сведоци, други, пак, бесрамно ќе плукаат на своите довчерашни „идоли“ и партиски соборци. Таков е животот

Д-р Јове КЕКЕНОВСКИ
Целокупната политика што ја водат политичарите психопати, пред сѐ, е насочена кон задоволување на личните, а многу помалку на партиските цели и интереси. Кај нив не постои чувство за одговорност и никогаш не ги признаваат сопствените грешки или пропусти

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Пресвртот и демонтажата на креираниот систем ќе се случи само ако мафијашката власт се тргне од изворот на парите и моќта. Мафијата мора да се направи бедна и духом и телом

Ана ПАНОВСКА
Груевски не може да се соочи и со фактот дека можеби друг ќе успее да направи влада. Тоа е далеку од неговиот ум. Затоа сака да има и нови избори! Е, за тоа ќе почека. СУС!

Рамадан РАМАДАНИ
Новото мнозинство ќе има три платформи што треба да ги имплементира. Првата е ослободувањето на државата и нејзиното враќање на граѓаните, втората е албанската и третата е интегративната реформска платформа