1114

by fokus

НА ГРУЕВСКИ НЕ МУ ПОМАГААТ НИТУ ИЗБОРИ
Што очекува ВМРО-ДПМНЕ од нови избори, ако знае дека нив мора да ги организира влада со поддршка од сите партии, ако за тие избори опозицијата, и албанската и македонската, се обединат… Па ништо особено. Такви избори не му одговараат ниту на Груевски, но нема друг избор

ЕМ МУ СЛУЖЕЛЕ НА НАРОДОТ, ЕМ СЕ НАФАТИРАЛЕ
Имотните пријави што функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги поднесувале до надлежните институции покажуваат дека најголем дел од нив го зголемиле својот имот додека биле на власт. Но, тоа не е ниту мал процент од вкупниот имот што тие и нивното потесно семејство го поседуваат

СЕЧЕН И ЛЕПЕН „ПОТКУП“
Во изјава за „Фокус“ Зоран Заев вели дека снимката според која „примил поткуп“ од струмички бизнисмен, била објавена откако од неа биле исечени два дела од разговорот за да се добие впечаток дека бара мито. Го нема делот каде што му вели на бизнисменот дека може да донира и градежен материјал наместо пари, а кај брат му во менувачницата може да ги смени еврата

ЗНАЕВ МНОГУ ЗА ЧЕЛНИЦИТЕ НА ДУИ И НА ВМРО-ДПМНЕ И ЗАТОА ИМ СТАНАВ ТРН ВО ОКО
Хисен Муслиу, екс разузнавач, кој по шест години судење конечно е ослободен од вината за фалсификување на соработничките досиеја од тајната служба на екс Југославија – Ибар, Вујко, Мама и Стрелец, во кои се препознаа челниците на ДУИ, во интервју за „Фокус“ раскажува зошто бил притворен и кој стои зад местенката

ПОЖАРОТ НА АБДОМЕНАЛНА, ЕДИНСТВЕН ВО ЕВРОПА
Во архивите на Абдоменалната клиника има снимка од операцијата во која на 69-годишната пациентка и изби пожар во стомакот. Но наместо да покренат истрага за случајот, кој е единствен од ваков вид во Европа и втор во светот, директорот Караѓозов и надлежните во Министерството за здравство срамно го кријат скандалот

СЕ ВРТИ ПРИЛЕПСКАТА ПРАВДА
Прилепскиот суд ги отфрла обвиненијата против адвокатот Жарко Стеваноски, поради графитите на асфалтот пред општината за време на Шарената револуција. Но доказите на судењето открија дека градоначалникот Ристески не ја осигурил општинската зграда, поради што заработи кривична пријава

ЗА ДОБРА СВИЊА НЕМА ЛОША ПОМИЈА
Им дојде редот и на добрите свињи некој да им ја вади маста. Па, квичат и грофтаат, демек не се борат за спасот на сопствената кожичка, туку ја бранат кочината, која иако тие ја наполнија со свински измет, сепак е наша кочина. Море, не ја бранат тие нашата кочина, туку нивната помија

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Груевски напросто си бара спасение за себе и за својата криминална група и во тоа барање е подготвен да прифати чија било рака во која ќе се понадева дека ќе му донесе спас. Но, тој спас на Груевски воопшто нема да биде исчекор во кој било правец и во однос на кои било интереси на Русија на овие простори

Ана ПАНОВСКА
Е, сега дојде време ДПМНЕ на Груевски да оди во опозиција. Доаѓа смртниот страв од промените. Тие, тргнувајќи од нивниот начин на владеење, извадени се од памет што сè ќе ги снајде – дали ќе им тече по ногавици, дали некој сега ќе се изживува кон нив така како што правеа тие… Опасно се плашат од одмазда

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Поради сукцесивното загрозување на човековите слободи и права, Службата мора да се издвои надвор од рамките на МВР и да се трансформира во посебна дирекција или агенција. Претходно, УБК треба да се ресетира, т.е. да се распушти како што тоа беше направено во Словенија

Д-р Јове КЕКЕНОВСКИ
Така се дозасили клиентот на бајачката Кети, што почна да ги охрабрува и да ги манипулира своите, а останатите да ги заплашува. Па, дури им се нафрли и на амбасадорите во кои до вчера се колнеше. Ама пустото… денес се заканува, а веќе утре се повлекува. Сѐ што кажува и соопштува, служи за еднодневна употреба

Рамадан РАМАДАНИ
И покрај сите непознати миризби, сепак ќе има нова влада предводена од СДСМ и од Зоран Заев. Никаква толку широка или концентрациона од повеќе причини. А, пред сѐ, поради процесот кој по изборите стана потврден со изборниот резултат дека она што на Македонија ѝ следува е ослободување од заробеноста на институциите