1098

by fokus

„НИКОЈ НИШТО НЕ ТИ МОЖЕ, НИКОЛА“ Е МАФИЈАШКА ФИЛОЗОФИЈА
Кога во јануари 1992 г. италијанскиот Врховен суд ги потврди казните за 342 мафијаши, следуваше одмаздата. Убиен е главниот нивен непријател, истражителот Фалконе. Осудените, согласно мафијашките им кодекси, ја демонстрирале својата моќ, дека и натаму „никој ништо не им може“. Да, така мафијашки ми звучат и восклиците на груевци „никој ништо не ти може, Никола“. И, така е Со инсталациите ти во МВР, Кривичниот и Уставниот суд, никој ништо не ти може Никола. Засега!!!

ВОЕНА ПОЛИЦИЈА ЗА ЦИВИЛИ
„Фокус“ дознава дека министерот за одбрана Зоран Јолевски во јули годинава донел Правилник за начинот на работа на Воената полиција според кој воените полицајци добиваат овластувања какви што имаат полицајците на МВР. Дали ВМРО-ДПМНЕ ги подготвува воените полицајци за судир со граѓаните и со припадниците на МВР на изборниот ден?!

ДЕСЕТ ПРЕДИЗБОРНИ ЕНИГМИ
Пастирот има уплав од приказните за неговиот криминал, па кампањата за изборите ја насочува кон етничките теми. Но антиалбанството на Груевски по изборите може да му се вратат како бумеранг, па дури и да победи, да биде невозможно да формира коалициона влада со албански партнери

МАСНИ ПЛАТИ ВО ОДБОРОТ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА
Според измените на Законот за високо образование кои стапуваат во сила од Нова година, енормно се зголемуваат платите на членовите на Одборот за акредитација и евалуација во високото образование.  Професионалните членови на одборот од јануари ќе добиваат плата од 3.000 до 5.000 евра!

ЛУСТРАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН
Во скандалозниот процес на лустрација 300 граѓани беа означени како шпиуни, без да докази и основа за тоа. Затоа многу од решенијата на лустраторите паѓаат на Управниот суд. Но, тоа не може да биде никаква сатисфакција, со оглед дека веќе се жигосани, додека вистинските кодоши добија имиџ на македонски патриоти

КАКО ВЛАДАТА ГО ЗАГУБИ „АГРОПЛОД“
„Свиркач“ од ресенски „Агроплод“ алармира за сомнителните бизнис-потези на владата, која потроши неколку милиони евра за да го добие меѓународниот спор за поништување на продажбата на компанијата, но на крајот сепак со договор му го предаде „Агроплод“ на странскиот сопственик

ШТО Е ТОА ИЛЕИЗАМ
Дали треба луѓето да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи го сакаат Грујо или да го сакаат Грујо бидејќи гласаат по навика и традиција за ВМРО-ДПМНЕ? По десет години континуиран илеизам на квадрат, има ли навистина разлика?

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Молчењето во Македонија денес е злочин на единката против сопствената совест. Затоа крикнете – дајте знак дека сте живи, дека има душа во Вас. Покажете дека сте дел од победничката коалиција на граѓаните и… животот!

Ана ПАНОВСКА
И сега, во ова мачно предизборие некој пак ќе рече, а, бе, сè е исто како претходните изборни циклуси. Никој не може да ја запре изборната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ! Е, „вала“, овојпат не е исто

Гордана ПОПСИМОНОВА
Можното активирање на Уставниот суд во укинувањето на СЈО повторно може да предизвика изнудени решенија. Ако не можеме да одиме на нормални избори, тогаш единственото нешто што ни преостанува се вика – револуција. А шарените ги нема. И? Што понатаму?

Златко ЈАКИМОВСКИ
Ние се однесуваме како аутистично дете, ниту нас некој не разбира, ниту ние некого разбираме. Едноставно седиме во својот „ќош“ на фиктивно минато и спинувана реалност и се жалиме дека сите нас нѐ мразат

Рамадан РАМАДАНИ
Одѕивот е и останува најефикасното оружје против купените, изнудените или украдените гласови. Колку одѕивот ќе биде поголем, за толку ќе ја намали ефективноста на секој еден купен, изнуден или украден глас

Александар ТОРТЕВСКИ
Доброупатените ми тврдат дека бизнисот со дрва во моментов е попрофитабилен од трговијата со дрога, со тоа што за дрога се лежи затвор, а за дрва само се гласа на избори