1097

by fokus

БАУКОТ НА ГРУЕВИЗМОТ СЕ ШИРИ НИЗ ЕВРОПА
Да не го прекопирале Европејциве проектот на Груевски „Лотарија за вработување“ а ла Македонски шуми! Или, решија со преземање на најлојалните кадри на груевизмот, да нѐ ослободат од нив? Да не се шокираме ако Јанкулоска стане претседател на Интерпол, а Мијалков заврши во Поткомитетот за превенција од тортура при ООН!? Уф, не е ферски што Керим не го изгласаа за генсек во ООН!

ФАМИЛИЈАТА VS. ЛИБЕРАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА
Сигналите од САД и ЕУ одамна ја изгубија острицата. Причината лежи во консумираноста на македонската криза, но и во неверицата на Запад дека тука постои критична маса граѓани која претпочита демократија пред корупција, слобода пред клиентелизам, правда пред партиско вработување

СТРУЕН ФЕНОМЕН
Иако се инвестираа над половина милијарда евра во РЕК Битола, производството на струја опадна за една четвртина. Еден од милионските договори за модернизација на блоковите на комбинатот со германска компанија е пред пропаст и се заканува да заврши пред меѓународен суд

РЕВИЗОРИТЕ ГО УЛОВИЈА ЈОЛЕВСКИ
Старешини во АРМ во февруари годинава направиле ревизија на опремувањето и модернизацијата на АРМ која во наредните десет години треба да изеде 250 милиони евра и забележале стратешки грешки и пропусти, кои го рушат планот на власта за тајна набавка на опрема и оружје

ГРОМ УДРИ ВО „КАРПОШ 2016“
Градоначалникот на Карпош наредил да се сруши објект во општината во кој била сместена компанијата „Галаб“, иако немало законска основа. Дури и полицијата на Чавков одбила да асистира при рушењето. Причината е што на тоа место треба да гради Ивица Георгиевски, екс пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО
Постепено се будам, ми тежат рацете, капаците на очите, но едно сум свесна – дека немам нозе. И, си велам, добро е – „немам нозе, ама жива сум“. Дали е можно некој така лесно да се помири со тој факт, прашува Снежана Караџовска (52), која настрада во сообраќајна несреќа што се случи крај Едрене во Турција

КОПИТА И ПОТКОВИЦИ
Во Македонија, по десет години владеење на Груевски, има многу работи што треба да се променат, ама има и многу работи кои на гласачите баш и не им пречат. На македонските копита се чини дека потковиците што им ги закова Грујо и не им пречат премногу, и расположение за замена и нема баш силно

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Време е НГ пополека да се подготви дека не е и никогаш повеќе нема да биде каков било фактор. Неговото време е трајно минато завршено! А тоа е доволно НГ повеќе да не може да се множи со ништо друго, освен со самиот себе, т.е. со апсолутна нула. Таквото сознание ќе го прави жестоко одмаздољубив

Гордана ПОПСИМОНОВА
Дечки, не правете си бајрам со паметот, си имаме работа со класична мафија. Ставете ги настрана сопствените суети и лакомост за пратенички фотелји и сите заедно исчекорете за Македонија. Сега или никогаш повеќе

Ана ПАНОВСКА
Во Македонија се живеело во два паралелни света, два јазика се користеле, па затоа луѓето не се разбирале еден со друг! За жал, има Македонци со кои на ниеден јазик не можеш да се разбереш. Значи, јазикот не е фундаменталниот проблем

Рамадан РАМАДАНИ
Ако на некој губитник изборот му е или коалиција со следниот победник или тотален губитник, не треба да се земе во никаква коалиција. Тоа е поради фактот дека таквиот, затоа што веќе е губитник, носи губитништво и за следниот победник

Александар ТОРТЕВСКИ
Тоа што е изградено на Плаошник под маската на изградба на некаков универзитет мора да се урне! И тука не смее да има отстапка. Тоа е културоцид, тоа е злостор против природата и идните генерации