1099

by fokus

КАТИЦИТЕ НАПАЃААТ ВО НОЕМВРИ!?
Специјалната војна од ВМРО-Девствена кон СЈО допрва ќе прогресира. Катиците ќе напаѓаат во ноември! Чувствувам, ме врти десното рамо. Дури сонував дека оној истражителот намерно дилетантски снимал на Салвадор Алјенде, да го видат од СГС, колку да ги извади од колосек. Психолошки се војува, де! И психопативе наседнаа!?

ЗОШТО СЈО СЕ ПОЈАВИ ВО УБК?
СЈО ги има сите судски налози за легално прислушување од 2008-та и недостасува само уште „Ериксон“ да ги соопшти податоците од серверот за да се утврди колку луѓе УБК слушала незаконски. Ова затоа што Горан Грујевски ги уништи израелските системи за прислушување кои снимале до 2015-та година, па логично е на новиот систем инсталиран лани да ги нема тие податоци

СЕДУМТЕМИНА „ВЕЛИЧЕСТВЕНИ“
Судиите отсекогаш го имале статусот на заштитени мечки, иако директно одлучуваат за тоа дали некој ќе заврши зад решетки. Наскоро ќе почнат да им судат на функционерите од владеачката партија, обвинети од СЈО. „Фокус“ фрла поглед на седуммината судии што ќе мора да се охрабрат или сепак, ќе одлучат да потклекнат

ВМРО-ДПМНЕ УЦЕНУВА АДМИНИСТРАТИВЦИ ДА ОБЕЗБЕДАТ 10-15 ГЛАСОВИ НА ИЗБОРИТЕ!
Во интервју за „Фокус“, Александар Кирацовски, дополнителниот заменик министер за администрација, вели дека вкупниот број административци што паѓаат на товар на државата се движи кон 200.000, но нема потреба од кратење. Административните службеници, според него, претставуваат базен на гласови за владејачките партии, па затоа презема мерки и кампањи за да ги заштити луѓето од заплашувања, закани и притисоци

САПУНСКА СЕРИЈА ВО ДЕСНИЦАТА
Груевски ги мултиплицира непристојните понуди кон опозициските партии од десницата и центарот. И да не успее никого да купи, шашмата ќе фати маја кај партиските колебливци во ДПМНЕ кои со јавната демонстрација на партискиот пазар треба да се уверат оти сите политички битки во Македонија се само за пари и привилегии

ДИЛЕР ВО МИНИСТЕРСТВОТО
Во Македонија за неколку грама марихуана граѓани добиваат затвор. Но, законите не важат за сите. Пред една година, 35-годишниот Александар Кацарски е фатен како неовластено одгледува марихуана. Неговиот случај е заглавен во правните лавиринти, а тој работи во Министерството за здравство, плус бил и унапреден, зашто е близок другар на Тодоров

ПРИЛЕПСКИ ПАТРДИИ
Основното јавно обвинителство од Прилеп ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот Марјан Ристески за шест кривични дела поради рушењето на градската фонтана, која општинарите прво ја изградија без оглас за јавна набавка, а потоа, по 7 години, на сличен начин, повторно без оглас, ја срушија

ДОБРАТА СТРАНА НА НЕЛОЈАЛНОСТА
Ако сакаат да имаат каков било ќар од десните опозиционери, од СДСМ мораат да им дозволат, дури и да ги поттикнат ако треба, да им бидат нелојални, нив да ги критикуваат и повеќе отколку што ВМРО-ДПМНЕ ќе го критикуваат во кампањата. Оти само така, ќе привлечат гласови десните

 

Колумнисти:

Ѓорѓи СПАСОВ
Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ  со парите од буџетот и со украдените пари од народот, станува движење, во кое влегуваат сите што се на продажба. Сето тоа изборите во вакви сиромашни држави ги сведува на „бандитизам на големите партии од власта“

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
До вчера си бил „најмоќниот човек во Македонија“, како што своевремено Мијалков го именуваа белградските весници, страв и трепет не само за обичните граѓани, туку и за оние од врвот на власта, господар на животот и смртта, а денес си станал посрано детуле на кое му тече низ ногавиците

Ана ПАНОВСКА
Кога го видов она, речиси, голобрадо момче, како му облекле „вмровска униформа“ и го клале за директор на „Службен весник“, е, тогаш си реков: „Овие се готови“. Така и Хитлер на крајот посегна по децата. Ги облече во униформи, им даде оружје, ги втурна во битка, сè со надеж дека тие ќе го одбранат и него и неговата партиска држава

Гордана ПОПСИМОНОВА
И повторно доаѓаме до суштинското прашање: за кого работи и одработува ОЈО? Си ги поставив овие прашања, читајќи ја колумната на Латас во „Вечер“, која имаше наслов „Ноќ“. По што ми падна темнина пред очи. Тажна темнина за нечие кукавичко бегство од соочувањето со вистината и законот

Александар ТОРТЕВСКИ
Надворешната страна на ниту една куќа не ужива кривично правна заштита од набљудување и фотографирање. Освен доколку со посебна одлука на овластен орган не е прогласена за објект што не смее да се фотографира, што, пак, мора јасно да се обележи со посебни видливи ознаки