1096

by fokus

АКО НЕ СЕ ПРОДАДОВТЕ, НЕ СЕ ПРЕДАВАЈТЕ!
Не ги олајавајте пратениците и судиите, да не речам законодавната и судската власт, дека биле послушници на Груевски. Уставот гарантира дека пратениците одлучуваат по свое уверување. Судиите носат одлуки и пресуди по свое убедување. Е сега, и судиите и пратениците имаат свое мислење, ама не секогаш се согласуваат со него. А тоа не е забрането ни со Устав, ни со закон.

ДОЦЕНТ СО СЛАБ ПРОСЕК
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи долги години служел во АРМ пред да стане професор на МИТ Универзитетот. Но, Државниот просветен инспекторат го поништил неговиот избор за доцент.Оливер Андонов е реизбран веднаш пред законските измени кои не бараат успех од студиите над 8, кој не го исполнува

ШТО БАРА ПАСТИРОТ ВО САД?
Груевски ќе се обиде да заигра на „џокер адутот“ – името, ќе ветува двојазичност, ќе ги убедува САД дека ако победи, ќе формира влада со повеќе министри Албанци и опозиционери. Ќе им се додворува на Американците со купување воена опрема од 300 милиони евра. Ќе вети повлекување од лидерската позиција, а за возврат, да добие амнестија

РЕЖИМОТ ПРОТИВ „СВИРКАЧИТЕ“
Законот за заштита на укажувачите, кој стапи на сила во март годинава, воопшто не се спроведува. Ниту една државна институција нема определено лице кај кое ќе се пријавува криминал и ниту еден надлежен орган нема службеници за имплементирање на законот. Очигледно е оти Фамилијата се плаши од нови пријави за кривични дела

ЗДРУЖЕН БОЈКОТ НА СЈО
СЈО не може да ги извршува своите задачи, бидејќи постојано наидува на опструкции од судот и од државните институции. Иако пред нос им ги затвораат вратите не им дозволуваат пристап до потребните информации, на специјалните обвинители им делат лекции дека ги изневериле очекувањата на граѓаните и ништо не сработиле!

КОНГРЕСНО ОБЕДИНУВАЊЕ
Најопасната порака од „тематскиот конгрес“ е во време кога сите очекуваат Заев да грмне од сите топови, навестувајќи решетки за Груевски и враќање на парите на граѓаните од Белизе, СДСМ се однесува како шведските социјалдемократи на почетокот од својата кампања за избор на градоначалник на Малме

ПОВТОРНО СМРТ НА НОВОРОДЕНЧЕ
Триесет и тригодишна скопјанка за „Фокус“ сведочи за хоророт низ кој поминала на Гинеколошката клиника во Скопје, во најновиот од серијата случаи на починати новороденчиња. Бебето фатило сепса, а лекарите ја убедувале мајката дека црвените точки по телото му се поради алергија од памперсот

ДРУГАТА ОПОЗИЦИЈА
Еве згоден акроним кој како назив за својата коалиција би можеле да го употребат здружените опозициски десничари. „Десна Опозиција – Коалиција за Расчистување со Апашлукот и Јавашлукот“ или како кратенка ДО – КРАЈ. А со борбата за поправедна Македонија треба да се оди ДО КРАЈ!

 

Колумнисти:

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
При наредната обиколка низ државата, НГ нека понуди по 10.000 евра субвенција за секоја баба што ќе роди дете?! Море нека бидат 100.000 евра! И така нема да биде ништо ниту од парите, а уште помалку од децата. Но, нели, важно е да се има мегапроект и новинарски дебили кои ќе го разнесуваат гласот за него. Па, кој ќе се фати за јадицата?

Гордана ПОПСИМОНОВА
Да не беа „бомбите“ и СЈО, никогаш немаше да дознаеме до кои размери е искривено македонското правосудство. Да не беше Шарената револуција, никогаш немаше да откриеме до каде се забегани провладините медиуми. Да не беа „спонтаните“ контрасобири на ГДОМ, никогаш немаше да ја видиме административната корупција

Ана ПАНОВСКА
Во овие денови, кога се потсетуваме на 11 октомври 1941 година, како пророштво ми се наметнува насловот на книгата: „Прво ослободително востание!“ Авторот на делото, Љуптата, така го викаа неговите соборци, со овој наслов како да ни претскажува дека е дојдено време за „Второ ослободително востание“

Рамадан РАМАДАНИ
ДПМНЕ и ДУИ сега се како некоја фудбалска екипа, која е свесна за своите недостатоци и слабости, но решава дека е добра стратегија за „дојам“ да го почне натпреварот со офанзивна игра. А тоа многу кратко трае. Некогаш завршува дури и пред да го примат првиот гол

Александар ТОРТЕВСКИ
Деновиве беше објавена фотографија на семејство млади интелектуалци со две прекрасни дечиња, кои со иселенички визи чекаат на пасошка контрола за влез во Нов Зеланд. Се работи за доктори на науки од Кембриџ, за кои нема пристојна работа во Македонија. Местото им го заземаат Латас, Оливер Андонов, Миленко и слични на нив