1014

by Фокус

МЕ УДРИ ГРОМ!
Како да ме удри ГРОМ кога ја слушнав љубезната конверзација меѓу Стевче Јакимовски и Сашо Мијалков. Првиот го замолува второнаведениот да му учини за изборната листа. Јакимовски беше колумнист на дневен „Фокус“, најжесток критичар на Фамилијата, а, еве, си го имал „на-ти-го дај-ми-го“ со Братучедот.

ПОЛИТИКАТА ПРОТИВ ПРАВОТО
Според објавените аудио-снимки од кои се открива издавање лични карти на нови гласачи, јасно е оти Зврлевски мора да ја гони министерката Јанкулоска. Но, тоа е неможно и затоа е потребна негова смена и оставка на Владата.

ИЗБОРЕН КРИМИНАЛ
На последните изборни циклуси се спроведува изборна кражба со прераспределување на сигурни гласачи во таканаречените кризни жаришта, но и со издавање лажни лични карти за лица кои се надвор од државата.

ПАТУВАЊЕ КОН СЛОБОДАТА
„Бомбите“ драматично го делегитимираа владеењето на Груевски, но прашање е дали во овој миг се политички изводливи барањата на СДСМ. Дали е нужен компромис на жртвата со џелатот?

УРБАНИЗАЦИЈА НА ПРИРОДАТА
Владата донесе одлука да гради 300 викендички во Лазарополе, два хотели и хелиодром, но тоа е заштитено подрачје, во срцето на националниот парк „Маврово“. Лазарополци ќе се борат до крај природата да не се претвори во бетонско чудовиште.

ПАРТИСКИ ТЕАТАРСКИ ПАТРДИИ
Додека едни актери ја „бранат“ Македонија и кешираат, други немаат ни за леб! Еден од нив е 30-годишниот Един Јакуповиќ, кој веќе девет години е дипломиран актер, но седум години води битка да се вработи во Турскиот театар.

КОЈ СТОИ ЗАД МАКЕДОНИЈА?
Иако Груевски може уште утре да си замине, груевизмот, тој систем на владеење кој се базира врз купување на гласачите, небаре се проститутки, немаме никаква гаранција дека ќе си замине со заминувањето на неговиот епоним – т.е. оној по кој го добил името.

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
За позитивни промени во обвинителството, во тајните служби, во полицијата, во судството, во целиот административен државен апарат и апаратот на локалната самоуправа во јавните претпријатија, како и во медиумите, неопходно е година до година и пол да владее нова влада.

Ида ПРОТУЃЕР ВЕЉКОВИЌ
Груевски, не само што е „разголен“, туку и пред поширокото граѓанство се урна митот дека тој е семоќен, интелигентен и способен. Се силел со парите што сме му ги дале на располагање заедно со довербата на мнозинството гласачи. Така купувал институции, гласачи и медиуми.

Рамадан РАМАДАНИ
Ако сите „Македонии“ завршат во ендек, кој ќе ги најде ако не токму таа четвртата Македонија, која наскоро ќе биде послободна и поправедна и која ќе сведочи и ќе ги најде: вистината, слободата и правдата.

Џелал ХОЏИЌ
Најсмешни се тврдењата дека опозицијата со објавувањето на снимките сакала да дојде на власт. А ДПМНЕ со прикривањето на криминалите, со изборниот инженеринг, со местењето судии и монтирање судски процеси сака да остане на власт.