1013

by Фокус

МОЈ ДАНОК, ТВОЕ ЧОКОЛАДО!
Далеку од тоа дека разбиениот мит за совршенството на офицерите на преродбата значи и нејзин пад. Напротив, настојчивоста да се прикаже образот како ѓон е уште еден од успесите на мајсторите на пропагандата. Но, само од дневнополитички аспект.

ЦРВЕНИОТ ТЕЛЕФОН НА ФАМИЛИЈАТА
Бомбата за Љубе Бошкоски и „Кампања“ би ја сместила во психолошки трилер. Случајот „Космос“, пак е оригинал акциски филм. Ѓорге Иванов уште не дошол на ред, па сум во дилема: дали ќе биде од оние немите филмови со Чарли Чаплин или само комедија со звучни ефекти!

НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА
Познавачите на техниката за прислушување на МВР велат дека нема шанси техничари од Петтата управа, по налог од страна, без знаење на Мијалков, да снимаат илјадници разговори и тоа да го прават неколку години со ред. Едноставно, софтверот е таков што остава траги

ТОМИСЛАВ КЕЖАРОВСКИ: МЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДА СЕ ТРГНАМ ОД ИСТРАГАТА ЗА МЛАДЕНОВ
Во ексклузивен разговор за „Фокус“ новинарот Кежаровски говори за голготата низ која мина изминатите две години, за причините и мотивите за неговото апсење, за прекинатата новинарска истрага за трагедијата на Младенов

КОРУПТИВЕН ДОГОВОР?
Една од последните „бомби“ на лидерот на опозицијата откри интересен разговор меѓу Ставрески и Јанкулоска – кинеска компанија незаконски ќе гради автопати во Македонија. Почна да ги гради, но фирмата е избрана без тендер

ГРЕВОВИТЕ НА АХМЕТИ
Ахмети се плаши Заев да не објави компромитирачки и инкриминирачки материјали за неговите сопартијци, но истовремено знае дека Груевски ги има истите докази за неговите хипотеки, ако не и повеќе

АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ: ДА ГО СОПРЕМЕ ЛУДИЛОТО ПРЕД ДА НЀ СОТРАТ!
Поповски е жесток критичар на власта и на нејзините политики. Во разговор за Фокус јавно зборува за милионските суми што се трошат, за забранетата слобода на говорот, за своите колеги блиски до власта, за „бомбите“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев

ЗАБЕГАНИ ЛУДАЦИ
Не вреди што царот е разголен, кога тој царува во земја на нудисти на кои голотијата и не им пречи толку многу. Патот кој ќе доведе до падот на овој „гол ко од мајка роден“ режим, треба да почне прво со разбирањето на психологијата и менталитетот на политичкиот нудизам.

 

Колумнисти:

Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
Пред некој ден, од првиот финансиер разбравме и дека имало притисоци да се работи и за интереси на кинески компании и банки. И тоа со злоупотреба на законите. Нерасчистено остана работењето за грчките интереси, поточно аферата „Актор“

Рамадан РАМАДАНИ
Има една констатација која вреди за сите нив, нивната трагедија е во нивната стратегија: нема ефикасна одбрана од вакви бомби затоа што и да не те погоди директно, ќе те погоди некој шрапнел и ќе бидеш колатерална жртва

Влатко СТАМАТОВСКИ
Актуелнава фарса е само кулминација на кавгите во левицата. Не оние крлежијанско-ѓиласовите, туку оние кои веќе четврт век ги живееме како божемен плурализам. И тука го нема ВМРО. Дали некогаш ќе се реинкарнира е друго прашање

Џелал ХОЏИЌ
Посебно е важно ако опозицијата има материјали за изборните криминали, што побрзо да ги објави, за до крај да ѝ се одземе легитимитетот на оваа власт