Вкупно четири лица се повредени во верижниот судир што се случи утрово на автопатот Милош Велики и се примени во Општата болница во Чачак, (Србија) додека едно лице се здобило со тешки повреди, соопштија за Танјуг од таа болница.
Општата болница во Чачак потврди дека еден маж, поради сериозноста на повредите, е сместен на Одделот за интензивна нега, додека преостанатите три лица – две жени и еден маж – се во стабилна општа состојба и се подложуваат на понатамошна дијагностика.
Во близина на Лучани, утрово околу 8:00 часот се случи верижен судир.
Според првичните информации, во верижниот судир учествувале девет возила и еден камион, а во несреќата нема жртви.
Се претпоставува дека на настанувањето на судирот можело да влијаеле намалената видливост и густиот сообраќај, но точните причини ќе бидат познати дури по завршувањето на истрагата.