Одземени им се пасошите на деветмина од уапсените од УЈП

by valentina 11:17
11:17

За деветмина од вчера уапсените вработени во УЈП, а по акцијата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и МВР, се одредени мерки на претпазливост, односно им се одземени патните исправи и имаат забрана за комуникација со одредени лица.

-Во однос вчерашната акција на ОЈО гокк, а поврзана со вработени во УЈП, до Основниот кривичен суд Скопје, доставен е предлог за определување мерки за претпазливост против 10 лица, од кои 9 се спроведени пред судија на претходна постапка, а по нивно произнесување, судијата го прифати предлогот и на сите им определи мерки согласно точките 2,3,6 и 7 односно: одземање на патна исправа, обврска за јавување во суд, забрана за комуникација со одредени лица и забрана за извршување одредени работни активности,информираа од Кривичниот суд.

Вчера од Обвинителството објавија дека
под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.

Слични вести