Ракометарите на скопски Вардар победија во дербито на второто коло од плеј офот во ракометната Супер лига.
Вечерва „црвено-црните“ го совладаа првакот Еурофарм Пелистер на негов терен во Битола со 27:22 и со тоа ја зголемија бодовната разлика на шест бодови. Со новите два бода Вардар е чекор поблиску до шампионската титула.
Првиот дел мина во изедначена игра, а на полувреме предност од еден гол имаше домаќинот 12:11.
Во вториот дел беше егал се до 49 минута. На семафорот стоеше 19-19.
Тука се одлепија ракометарите на Вардар и за 7 минути направија серија од 6-2.
Јака Малус кај Вардар беше најефикасен на дуелот со 8 голови, а извонреден во нападот беше и репрезентативниот пикер, Милан Лазаревски кој беше без промашување 7/7.
Милош Валах имаше десет одбрани на голот на РК Вардар.
Кај Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, Андреј Видомски, Рудолф Хакбарт и Филип Кузмановски дадоа по три гола, а Никола Митревски забележа седум одбрани.
Вардар е прв со 26 бодови, пред Е. Пелистер и Охрид со по 40, Алкалоид има 36, Тиквеш 24 и Бутел 22.