193
Екипата на Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 31-27 (17-14) во финалето на ракометниот Куп на Македонија, што се одржа во салата „Билјанини извори“ во Охрид.
„Црвено-црните“ заслужено го освоија трофејот откако целосно го надиграа ривалот и постојано имаа водство во финалето.
УЕФА си кажа: Дембеле е играч на сезоната во ЛШ, а ова е се идеалните единаесет, дури седуммина од ПСЖ!(ФОТТО)
“Ушлето“ пристигна во Париз, започна шампионската парада! (ФОТО+ ВИДЕО)
Вардарци го вратија трофејот во своите витрини по една година пауза, откако лани Алкалоид беше освојувач на Купот. Вардар 1961 на овој начин стигна до 17-та титулата во ова натпреварување.
Кај Вардар со по шест гола најефикасни беа Јагуриновски и Крсманчиќ додека Радивојевиќ беше најефикасен играч на натпреварот со осум гола.