168
Сончево и релативно топло ќе биде и во текот на денешниот ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 17 до 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Веќе од утре до среда ќе следува промена на времето со локални врнежи од дожд, а во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.