Усеин Болт на гости кај Вучиќ во Белград

by Fokus

Според многумина, најдобриот спортист на сите времиња и еден од најдобрите спринтери на сите времиња, Усеин Болт, дојде во посета на Србија, каде што домаќин му беше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Светскиот рекордер на 100 метри и освојувач на осум златни олимписки медали, е гостин на Белград и Србија по повод промоцијата на проектот ЕКСПО 2027.

Усеин Болт ќе биде промотор на изложбата ЕКСПО 2027.

Инаку, Усеин Болт е исклучително сакан и почитуван во Србија, каде што има голема база на фанови, кои од срце навиваа за него.

Покрај осумте злата на Олимписките игри, Болт има и 11 злата на Светските првенства.

Неговиот рекорд на 100 метри во спринт од 9,58 секунди веројатно никогаш нема да биде соборен.

Тој го држи и рекордот на 200 метри, што е 19,19 секунди, како и во штафетата 4×100 метри заедно со своите сонародници од Јамајка, каде што рекордот сега е 36,84 секунди.

Поврзани новости