193
Угинат балкански рис е пронајден утринава околу 6 часот на магистралниот пат Охрид – Ресен, во близина на селото Буково.
Станува збор за возрасна женка од овој редок и заштитен вид.
По пронаоѓањето, надлежните служби извршиле теренски увид, во координација со Македонското еколошко друштво и Државниот инспекторат за животна средина.
Од институциите информираат дека угинатото животно ќе биде транспортирано во Скопје, каде што ќе биде извршена обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со цел да се утврдат причините за угинувањето.