64
Дваесет и шестгодишник е убиен синоќа во скопската населба Дуќанџик.
Првичните информации се дека младиот маж е застрелан со повеќе куршуми во главата и во телото.
Итна медицинска помош го пренела на Ургентниот центар во Скопје, каде и покрај обидите на лекарите да му укажат медицинска помош, тој починал од здобиените повреди.
Нема официјални информации за околностите под кои се случило убиството, како и за идентитетот на сторителот и можните мотиви.
Се очекува МВР да соопшти повеќе детали за случајот.