Уапсена е 47-годишна жена во Струмичко – кај неа е пронајдена марихуана

by irena 12:03
12:03

МВР информира дека вчера попладне во 17:45 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Д.В.(47) од село Добрејци.

При претрес на нејзиниот дом, извршен со судска наредба, во помошна просторија до куќата пронајдена е марихуана.

Таа е задржана во полициска станица и со неа е извршен службен разговор.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести