Уапсен радовишанец кој ги претепал невенчаната сопруга и нивниот малолетен син

by irena 14:21
14:21

На 04.07.2025 година во 17.15 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода У.Б.(50) од Радовиш.

Тој, истиот ден околу 15.40 часот во неговиот семеен дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивниот малолетен син, при што им нанел телесни повреди, констатирани од лекар од Здравствен дом Радовиш.

Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот против У.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести