183
МВР информира дека вчера во 11:25 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А. (22) од село Лисец, тетовско, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело според член 216 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово за издржување на казната.