Уапсен е скопјанец, одземени се две товарни возила со криумчарена стока

by irena 15:45
15:45

МВР информира дека денеска околу 08:00 часот, полициските службеници од РЦГР Север, постапувајќи согласно Оперативниот план за спречување на криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Танушевци, поточно на граничната линија помеѓу с. Танушевци и с. Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности за запирање на возилата и легитимирање на лицата, по што од слобода е лишен А.А.(43) од Скопје, кој го управувал возилото „пежо“, додека возачот со возилото „фолксваген“ се дал во бегство на косовска територија.

Воспоставена е координација со припадници на косовската полиција – Task Force, кои презеле мерки за негово запирање, при што возилото излетало од патот.

Двете возила се одземени за понатамошна постапка, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични вести