Уапсен е пијан возач во Македонска Каменица, возел со над 2 промили алкохол во крвта

by Fokus

МВР информира дека рано утринава во 00.40 часот на ул. „Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода И.И.(43) од с. Косевица, општина Македонска Каменица.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,06 промили алкохол во организмот.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани новости