Уапсен е млад скопјанец – нападна полицајци и искрши полициски автомобил

by irena 14:30
14:30

МВР информира дека доцна синоќа во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.К.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал и нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

При лишувањето, тој го оштетил и службеното возило на МВР.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Слични вести