Уапсен е 40 годишен кавадарчанец – кај него е пронајдена дрога

by irena 14:10
14:10

МВР информира дека вчера претпладне во 11:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.С.(40) од Кавадарци.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести